јуни-јули
к:ковачевски марко
ј:јас ќе кажам па
што?
Таа имаше свој “бивш” личен. Но, го држеше на растојание. Пристојно. И
никакво бакнување не доаѓа во предвид за било каква комбинација. Од
хигиенско - технички причини на заштита.
Добро, само ни тој не сакаше да рескира за себе и така дојде до тоа, да ја
остави. Така таа почна да претекува. И целата се истопи од несреќна љубов.
Се сакаше само себе си. Рече дека кај неа лагата полага право на
повратност.
Изгледа дека тоа после ја погоди во нерви оти веднаш доби нервен напад па
почна и на другите бивши лични и на сегашните да им ги откочува килотите.
Експрес - препорачано! И германски, без мака во сто лекции.
Покрај сè мразеше и цвеќе, па затоа не ја ни пишувам таа, веќе “бивша”...
Ја препишаа помеѓу другото и сегашните!
н:нашиот човек
Се сретнале во кафеана нашиот човек и шовинизмот.
- Здраво човеку, се сеќаваш ли на мене - почнал шовинизмот.
- Да се сеќавам, но не си ми потребен повеќе. Те молам остави ме.
Шовинизмот го погледнал под око.
- Ма чекај човече, застани. Ајде да се напиеме по една.
- Немам јас никакви причини да пијам со тебе. Впрочем, морам да си одам.
Брзам. Ајде догледање - рекол човекот, ја ставил шапката на глава и
излегол.
Па, ете тука греши нашиот човек. На шовинизмот му вели “до скоро
видување”, наместо “не се враќај никогаш повеќе”.
ч:човекот и
ѓаволот
Се сретнале човекот и ѓаволот
на улица.
- Здраво човеку, јас сум твојот ѓавол. Ајде да крадеме и да убиваме.
- Не сакам - рекол човекот.
- Ајде тогаш да зборуваме.
- Не сакам - веќе се налутил човекот.
- Па добро, ајде тогаш да ги набедиме нашите раководители за корупција.
- Ма доста ми досадуваш несреќо една, оди по ѓаволите.- се развикал
човекот и продолжил, горд што го истерал ѓаволот од себе.
Но, тоа е уште една грешка на нашиот човек. Го вратил ѓаволот во старо
друштво од каде што овој ќе излезе уште поголем ѓавол, наместо да го
испрати кај ангелите кои сигурно би го извеле ѓаволот на прав пат.