т:темплум  


2007:јули/август
жанровски конкурс


б:баша леонида


г
:години: малку
п:
професија/интереси: Ученик на животот
д:
досега објавено: триесетина написи во тинејџ-списанија
н:нешто за себе: го сакам животот, сакам убавина која не зависи од смислата


 

ч:чекајќи

Незнаев дека постои таа мала резбана врата од тешко дрво зад моето ѕидно огледало. Никогаш порано не ја бев приметила, можеби затоа што никогаш не сум го поместувала огледалото. Изгледаше толку нереално. Беше многу помала од обична врата а шарите ја правеа чудесна.
Посегнав по малата топчеста квака која претставуваше мало јаболко. Ја разгледав уште еднаш несигурно. Сонцето кое доминираше на горниот дел имаше успокојувачка насмека. Јаболкцето лесно се вртеше и в лево и в десно. Тивки смирувачки звуци и придушена златно-портокалова светлина ме допреа штом ја подотворив вратата. Пријатен мирис на варено вино ме заплисна штом зачекорив во чудната скриена просторија. Светлината како да доаѓаше од свеќи чија местоположба остана мистерија за мојот жеден поглед. Собата беше комотна, зрачеше со топлина и интимност. Изобилуваше со детали и чудни украси. Секој од нив би будел задоволство во очите на случаен набљудувач како јас.
На меката портокалова фотелја, на почесно место во собичката спиеше огромен, цврсто склопчен мачор. Се доближив и седнав до него. Се истегна, предејќи во мојот скут.
Десно од мене се протегаше параван од тешко дрво обложен со папирус со исцртани цветови. Од зад него доаѓаа егзотичните звуци кои раѓаа копнеж по бескрајни песоци и галеж на сончеви зраци. Уживав во емоциите кои ова место ги будеше во мене. Не можев да разберам зошто досега не сум била овде. Како сум можела да не знам дека вакво место може да биде реално и тоа да постои во мојот дом, во мене самата.
Зад параванот блесна светлина и привлечна женска силуета почна да се движи во ритамот на музиката. Нејзината сенка паѓаше врз мене. Ме интригираше но и ме засенуваше. Имаше долги нозе и бујна кадрава коса која и ги криеше рамениците. Тенката половина им пркосеше на облините кои беа повеќе од волшебни. Профилот оддаваше чпртаво носе, полни усни и не големи,но цврсти и горди гради. Најверојатно само прстите кои го создаваа и одржуваа возбудливиот ритам го заинтересираа мачорот кој в миг скокна и истрча зад параванот. Се почувствував малку запоставено, но атмосферата бараше од мене да се препуштам и тотално да се опуштам.
Наеднаш почувствував прегратка што ме рассони.
- Душо, си задремала чекајќи ме... – не мирисаше на ефтина испразнета тролитарка, можеби не заглавил со другарите.
-Ајде, ќе те однесам до спалната... – моите нозе околу неговата половина, сета моја тежина и сигурност во неговите цврсти раце... Здивот му течеше по мојот врат и надолу по целото мое тело... Не му дозволив да ме земе в раце и да ме легне на постелата. Таа ноќ во мене го открив чувството на раздорот. Станав топол дом за љубомората.
 





 

п:претопување

Пладне е. Сонцето го љуби лицето Земјино како што ти треба да ме љубиш мене, да ја бакнуваш везден мојата распупена, сеуште нераспролетена мартовска убавина. Да уживаш гледајќи ме разоткриена пред твојот вжарен ненаситен поглед...
Вдиши ме! Заиграј се, загуби се во танцот со локните. Разбуди се гледајќи ги како го милуваат белото грло. Завиди им, замени ги! Бакнувај, душкај, милувај...играта ми годи, твојата насмевка ме храни. Не реди зборови – бакнежи реди! Склопи ги очите и буден сонувај, меки бели облачиња зглавје ќе ти бидат. Играј се, љуби ме, насмеј се – нека шлагот има јаготки за мене!
Под облаците дооолга, мека, пулсирачка пустина. Патоказ кон твојата оаза. Опфати ја од сите страни и почувствувај ја немоќта на сопствената моќ. Замисли зраци околу мојот папок и печи се! Заслужи ја наградата – одолжи го искушението, продолжи го изгорот, мачи се, препелкај се на моите врели песоци...
Сега продолжи го движењето! Да ги почувствувам, дај ми, твоите цврсти сигурни раце како нежнеат и крутеат на моите сладосни колкови. Земи ме, обожувај ме! Собори ги моите „нозе до небото“ и слади им се, ликувај! Предади се на заднината и захвали ги најоблите нешта во твојот универзум. Разјарен блунтај по мене се додека низ трепет не ја запееш химната на очајот.
Зар заборави? –Тука сум! Твоја сум!
Земи ме и откриј го амбисот на чувствата, изворот на среќата, котлето во кое сé врие како едно. Изгуби ја смислата, заборави ја личноста, погази ги своите граници и стопи се во единственоста. Заборави на се и дозволи ми да протечам низ тебе, да ги избришам твоите болки и непреболи, лаги и прелаги, саги и љубови, зори и самраци... Дозволи и на својата душа слобода, на својот ум лудило, на својот повтеж – засита. Отвори се за мене, јас сум твојата среќа! Јас сум љубовта која носи среќа и ослободување!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















































































 

  д:дома