2007:јули/август
жанровски
конкурс
б:бојковски милко
с:случајот -
Big rape, прв дел
Младиот господин мрзеливо ја крена слушалката. До него лежеше младо женско
тело. Од другата страна отпрвин немаше никој додека малку подоцна се
слушна некакво тенко гласче. Таа почна да зборува. Газдарицата на местото
Big Rape. Ја препозна веднаш.
- Ало детектив Мендрок ?
- Да јас сум, кажете. Рече помалку зачудено и изненадено од фактот дека
зборува со оваа госпоѓа.
- Овде газдарицата…
- Знам, знам повелете што можам да сторам за вас.
- Не знам како да почнам. Видете во што е работата. Се случи несреќа не
знам дали претерувам но во секој случај потребна ми е ваша помош. Знаете,
една девојка која работи за мене вчера ненадајно исчезна. Можеби ја
познавате, Дијана една од келнерките. Немам никаква замена за неа а ниту
таа ми се има јавено па мислев…
- Но каква врска имам јас со тоа и од каде ви е вас мојот број?
- Па вчера го оставивте во барот дали се сеќавате? Според кажувањата на
девојките последен пат била видена со вас.
Мендрок ја испушти слушалката од масичето и полека се стркала до ѕидот, се
држеше цврсто за главата и се обидуваше да се сети на остатокот од
вечерта. Океј полека смири се, си зборуваше самиот, прво бев на работа, па
кај началникот, па со момците на билијард и на неколку пивца кај Сид,
потоа завршивме во таа дупка за која толку раскажуваше Мич и рече дека
таму ќе го слави својот роденден. Последен повик за алкохол. Се запознавме
со некои девојки. Едната од нив ми се допаѓаше онаа црнката. Не зборував
со никој друг освен со нив. Не, имаше еден нејасен тип покрај шанкот со
кој разменив само неколку зборови. Дали беше Мич? Тоа беше се, остатокот
наликуваше на голема несредена листа на факти, чкрабаници и нешта кои
немаа некое особено значење. Се проколнуваше дека повеќе нема да претерува
со пиењето додека газдарицата сеуште упорно испушташе крици од онаа
страна. Ја подигна слушалката вртејќи се кон креветот. Таму ја здогледа
девојката од барот.
- Господине Мендрок дали е се во ред? За момент помислив дека нешто се
случува со врската но сега е подобро. Што мислите да навратите подоцна на
по една пијачка во барот за да ви покажам нејзина фотографија па би можеле
насамо да поразговараме. Вака не се решаваат нештата.
- Секако во право сте, би можел да дојдам после шест ви одговара?
изустувајќи одвај.
- Совршено, ве очекувам збогум.
Конечно ја затвори слушалката. Беше запрепастен. На неговиот кревет се
наоѓаше мртва жена за која тој немаше поим како стигнала тука. Очите и беа
облачни додека на усните имаше траги од крв. Меѓу полу-искинатите чорапи
можеше да се забележат модрици. Носеше темно-црвена униформа од која
Мендрок успеа да ги прочита иницијалите BR. Господи таа е. Срање, срање...
Шеташе немирно низ собата додека во поматениот мозок размислуваше за начин
како да се прости од неа. Премногу луди мисли му пролетуваа низ главата
што ниту еден припадник на психолошкиот реализам не би можел веродостојно
да ги опише. Збогување со кариерата во миг во кој требаше да биде
унапреден, па јавни навреди, обвинение, затвор, презир од колегите,
семејството, светот. Се реши. Отиде до фрижидерот го извади шишето со
минерална вода, зеде еден аспирин и го голтна набрзина. Најпрвин ја
разгледа собата. Зелените чаршави беа развлечени насекаде по подот, шишето
со шампањско беше фрлено кај дисковите со музика, додека низ целиот стан
се ширеше непријатна миризба. Помисли на отворање на прозорците заради
миризбата, но тргање на завесите веднаш му се виде како лоша идеја. Зеде
една поголема кеса и во неа ги напика чаршавите, шампањкото, нејзините
чевли и сето останато кое можеше да се искористи како доказ против него.
Откако заврши со чистењето на собата мораше да изнајде решение за
спакување на девојката. Беше преголема за да ја смести во некоја кеса а
премала за да направи нешто слично со неа. Очајно. Во напад на паника
детално го провери своето палто и заклучи дека му недостига пиштолот а
истото се случуваше и со неговата значка. Е сега го наебав. Единствените
нешта кои ме означуваа како лице на законот ми се одземени. Сега и
официјално сум сериски убиец. За миг го запре дишењето и се уверуваше себе
си дека се е во ред иако глетката го кажуваше сосема спротивното. Нервозно
ги триеше прстите од вратот кој го болеше до вкочанетост. Девојката сеуште
беше вперена во него со истиот нем поглед. Одлуките заскитаа. Секој можен
одговор му се виде нелогичен или едноставно невозможен во тој миг.
Најпосле се одлучи. Мораше да и ги слече чорапите и да ја измие од крвта.
Полека ја одвлечка до бањата, внимателно и ги собу чорапите и пушти вода.
Гледаше во темната крв која се одлеваше низ отворите на кадата. По
туширањето ја седна на фотелјата и со една од хотелските крпи и го избриша
целото тело. Сега беше во ред. Проблем беа само модриците. Планираше да ја
изнесе од хотелот небаре станува збор за пијана курва. Не му беше првпат
да собере некоја таква девојка. Сите негови колеги го правеа истото.
Неколку пати му се имаше случено дури и на началникот. Зеде една негова
кошула и успеа да ја облече во неа. Потоа застана пред огледалото, се
зачешла, облече нов костим ги навлече врвките. Беше подготвен. Во едната
рака ги зеде доказите додека со другата ја фати за половината. Беше
премногу напорно да се оди така со мртва девојка на грбот. Нозете му се
плеткаа. Ослободителна околност претставуваше тоа што хотелот беше речиси
празен поради часовите кои наближуваа до втората половина на денот. Брзо
ги помина првите два ката и веќе беше на влезот. Се најде меѓу фоајето и
рецепцијата. Рецепционерот го забележа. Тоа малку го вознемири но не
престана со движењето. Правеше се да не изгледа сомнително. Рецепционерот
само кратко се насмевна и си продолжи со својата вообичаена работа.
Мендрок го отпоздрави и ко збудален излета од хотелот. Се качи во својот
мустанг од 79 и исчезна од паркингот. Неодлучноста се распостелаше пред
него додека сонцето во полн сјај го исполнуваше западот на Лос Ангелес.
Гледаше во нејзиното безизразно лице и реши да ја однесе крај брегот.
Излезе од центарот на градот и сврте на југ. Метежот стивна. Постојано
гледаше во предното стакло со некаква демонска претпазливост за да утврди
дали е следен. Немаше никој освен еден бледо-сив автомобил на кој тој не
му придаде некакво поголемо значење. Имаше чувство дека истиот автомобил
го има видено и претходно. Но сето тоа сега не беше важно. Беше тоа
пеколно возење. Фрлањето на телото наликуваше на секое фрлање од
детективските романи или како тоа уште го нарекуваат писателите. Патот за
назад не беше ништо помалку трауматичен. Брзаше за на работа. Ужасно
доцнеше. Му требаше повеќе од големо алиби за да го оправда своето
одсуство. Влезе во станицата. Момците јадеа крофни додека Софи само го
потсети на неговото доцнење. Рече дека началникот неколку пати го барал и
бил видно налутен. Некои го задеваа. Еј љубавнику, добра беше малата а? Не
ги слушаше нивните дофрлања туку веднаш се упати во канцеларијата на
началникот. Началникот изгледаше навистина налутено задлабочен во случаите
кои само се трупаа врз неговото биро.
- Господине началниче сте ме барале?
- О Мендрок па тоа си ти, влези влези. Затвори ја вратата.
- Извинете што доцнам но имам проблеми со колата.
- Нема проблем, нема проблем. Па како што веќе знаеш и самиот нашиот оддел
ќе претрпи некои кадровски промени кои директно те засегаат и тебе.
Станува збор за твое унапредување за кое лично сметам дека е заслужено. Но
мора да внимаваш, ваквите доцнења во иднина нема да бидат толерирани. Те
предупредувам дека твоите постапки ќе бидат строго набљудувани и целосно
анализирани. Ти си мојот човек од доверба немој да ја изиграш таа доверба
многу лесно.
- Ве уверувам господине началниче дека ќе се потрудам да ја оправдам
вашата доверба.
- Гледај да остане така, знаеш колку не трпам непрофесионализам и
злоупотребување на службената позиција.
- Знам се ми е јасно.
Се поздравија и Мендрок си замина. Од возбуда не успеа да му каже за
пиштолот и значката. Преостанатите часови од работното време беа сосема
неважни. Немаше никаква концентрација за задолженијата кои му беа доделени
тоа попладне. Не ни помислуваше повеќе во животот да се појави во истиот
бар. Размислуваше како попрво да дојде до нив. Пиштолот беше лесна работа
додека значката би можела да претставува некаков проблем. Имаше пријател
кој би можел да му помогне околу оваа работа. Држеше заложница на главната
улица. Тоа беше неговиот стар добар другар Брејди. Се знаеја одамна уште
од деновите на колеџ. Брејди беше најдобар во неговиот клас но подоцна
немаше среќа околу работата, го фатија како затајува данок, беше во затвор
и сега е добро. Се израдува кога го виде.
-Нема шанси, Мендрок, Џон Мендрок. Оу човече минаа неколку векови ? Како
си стар пастуве?
-Добро, добро, драго ми е што те гледам Брејди. Не сме се виделе дури од
матурската нели?
-Да, да. Уште си во полиција? Во одделот за убиства. Еј јас завршив одамна
со тоа, немам веќе проблеми.
-Човече не сум дојден да те приведам или нешто такво потребна ми е помош.
-Кажи тука сум.
-Не би имал време но и не би бил во ситуација да ти објаснам за да сфатиш
затоа ќе ти кажам веднаш дека ми се потребни нов пиштол и нова значка.
-Зошто човече? Што се случи со твојот стар пиштол, и каде по ѓаволите ти е
значката?
-Ти реков без прашања можеш да ми помогнеш или да барам некој друг?
-И самиот знаеш дека можам но ќе ми одземе некое време, треба да вртам
некои телефони, за значката колај работа додека за пиштолот ќе биде малку
потешко. Каков пиштол рече дека имаш Magnum 44 или magnum 357? Има
разлика. Да речеме дека јас би ти ги набавил сите овие работи но како ќе
помине оваа работа кај службениците во одделот знам дека сите работи ви се
обележани. Каде да ти набавам полициски печат?
-Ти само сврши ја својата работа за другото остави на мене.
-Ок ќе ти јавам за неколку дена.
с:случајот -
Big rape, втор дел
Беше петок. Мендрок зјапаше во насловот на уличниот натпис и се
чувствуваше како да води љубов со восочни кукли. Се почуствува
надгледуван, прогонуван, испрашуван. Сите нешта кои до тој миг успешно ги
извршуваше само тој, некој друг му ги правеше нему. Немаше глас од Брејди.
Веќе почна да се сомнева во неговото пријателство иако самиот тој му имаше
помогнато многупати претходно. Некој заѕвони на вратата. Побрза да отвори
со надеж дека работата стигнала до крај. Во станот влезе Софи целата
избезумена.
- Кажи каде е, каде е!!!
- Кој каде е?
- Како можеше, само тоа сакам да го слушнам, како можеше?
- Што како сум можел?
- Таа ми беше сестра, разбираш моја ебена сестра. започна да плаче.
- Не разбирам кој?
- Дијана, кој друг би можел што направи со неа и каде е нејзиното тело
перверзнику?
- Не знам не се сеќавам, но со сигурност знам дека јас не ја убив.
- Сигурен си, еј тој е сигурен. Мендрок да не се лажеме толку време те
познавам, и на двајцата ни е јасно дека убиецот си ти. Таа твоја невина
насмевка нема да помине кај мене.
- Од каде да знам дека ти не си ја убила сопствената сестра и сега мене ме
обвинуваш за да си го спасиш сопствениот газ, и уште една работа одкаде
знаеш дека јас спиев со неа.
- Идиоту, вечерта кога ти беше со сестра ми јас бев во барот зошто сакав
да проверам дале е ок, подолго време е зависна од таблетки и поминува низ
тежок период па сакав да дознам како е сфаќаш? Не сакав да ти спомнувам за
тоа ни на работа за да не се дознае дека е наркоманка а плус тоа должи
пари на пола град. Се јавуваа од барот но морав да лажам дека е болна и ја
фаќаат кризи од таблетките.
- Не знам како да те уверам во она што го зборувам но не сум до толку луд
за да убијам некоја девојка! Само знам дека кога се разбудив нејзиното
тело лежеше покрај мене и веќе беше мртва. Не се сеќавам на ништо, знам
дека се возевме некое време таа отиде до некоја пријателка да земе нешто,
купивме малку шампањско и тоа е се. Натаму не би можел да ти одговорам.
- Еј ти се колнам во смртта на сестра ми дека ако не го пронајдеш
нејзиното тело самата ќе те убијам, ќе те убијам педеру.
- Смири се, дај ми некое време.
- Имаш два дена, запомни два дена.
- Утре одам да го побарам телото.
- Подобро за тебе да го пронајдеш.
***
Заложницата беше полу празна кога Мендрок влезе во неа. На касата стоеше
едно сомнително човече кое гласно разговараше со Брејди и му се закануваше
дека ќе го убие. Останатите се смееја под претпоставка дека ваквите
упаѓања на малото човече стануваа одвратна навика. Градот беше преполн со
такви, градот беше смрдлив и валкан. Секој на секого му должеше пари, не
беше ни за чудење зошто се случуваа толку убиства. Мирисаше на снег и
испечени лисја. Мендрок седна на страна и си го довршуваше своето кафе,
сакаше да остане подалеку од сето тоа. Не му требаа уште повеќе
непријатели. Му беа доволно и оние кои ги има. Кога заврши целиот тој
циркус Брејди ја затвори вратата и остави порака небаре заминал на ручек.
Го повика позади касата во една сосема друга просторија. Две столчиња,
еден двосед, пробушена табуретка и телевизор. Се на се прекрасно место за
поминување на викендот.
- Брејди друже како што гледам животот на улиците не е лесен?
- Човече тие немаат што да прават, ова им доаѓа како забава.
- Да поминеме на работата што се случи?
- Еј за малку да заборавам, за значката е средено имам свој човек кој е
специјалист за вакви работи изработува се живо нема промашување, додека за
пиштолот доаѓа една пратка на пиштоли од Далас за некој ден па би можел да
средам да ми остават еден.
Мендрок ја забележа неговата чудна тетоважа под левата подлактица но
остана прибран и не рече ништо.
- Од Далас велиш. Океј нека ми остават еден.
- Супер мило ми е што ја средивме работата. Чекај да се измочам и да ти го
дадам бројот каде да ме бараш за некој ден.
- Добро.
Брејди влезе во вецето. Мендрок се издигнуваше, се провртка наоколу со
надеж дека ќе најде начин како да стигне до сите луѓе кои беа замешани во
оваа зделка. Стигна до касата и почна да ги пребарува фиоките. На дното од
последната фиока лежеше еден згужван бележник. Го отвори, на последната
страница со црвено мастило испишано стоеше; мета бр-11 , Дијана, 27 год,
црнка, црни очи, висока 175 см, келнерка, 22 ноември, три саат навечер
пред барот BIG RAPE, имаше и нејзина фотографија. Мендрок задоволно се
насмеа. Конечно те имам проклет да си, нема каде да ми избегаш. Знаеше
дека бележникот мора да стигне во рацете на Софи само така би можел да
остане чист.
- Брејди ќе ти се јавам подоцна ме слушаш, ме викаат од работа веднаш мора
да одам. Се гледаме подоцна.
***
- Софи еј овде Мендрок. Може да се чекаме покрај брегот во два саат да ти
покажам нешто.
- Подобро да биде телото на сестра ми инаку си мртов човек.
- Имам нешто многу подобро. Дојди сама.
***
- Еве ме, тука сум, што е тоа што имаш да ми покажеш.
- Ти кажав дека не сум виновен, само требаше да помине некое време додека
работите не се разјаснат. (и го даде бележникот)
- Ха, ха, ха. Ти навистина имаш нешто Мендрок, мислиш дека сум толку
глупава да ги проголтам сите овие срања, ма дај не ме заебавај. Секое мало
дете може ова да го направи за пола саат. Фотографијава е лесна за
монтирање, сигурно си ја извадил од полициските досиеја па секој од нас
има пристап до тие информации и двајцата добро знаеме.
- Ти се колнам дека го пронајдов човекот, ракописот не е мој. Погледни, не
наликува ни од далеку. Мораш да ми веруваш.
- Не ти верувам ни најмалку подлецу. Доста ми е од сето ова, од сите овие
бркотници, можеш да се збогуваш со твојата кариера педеру, конечно ќе
бидеш онаму каде што навистина припаѓаш, никогаш не си ми се допаѓал. Од
секогаш знаев дека во тебе има нешто настрано, ќе ти биде добро зад
решетки таму се сите твои пријатели кои некогаш си ги уапсил едвај чекаат
да те видат.
- Гледам дека не можам да те убедам но човекот е на слобода и ако не го
уапсиме тој ќе продолжи да убива. Ќе останам мирен кога ќе ги видам
лисиците на неговите раце.
- Океј одиме но јас возам.
***
Вратата од заложницата на големо чудење беше отворена. Местото наликуваше
на растурена дупка. Сите нешта беа превртени, извадени, стаклата беа
искршени. Подот беше исполнет со работи кои Брејди вредно ги собираше сите
овие години. На касата немаше никој. Влегоа во другата соба. Мендрок имаше
вперен пиштол во неговата глава. Софи беше позади него.
- Значи ова е тој твој толку мистериозен доказ, па мора да ти кажам дека
малку наликува на сестра ми.
На двоседот испружен со куршум во неговиот истурен мозок лежеше Брејди. На
сите ѕидови со нејасен ракопис беше ишкратно ,,ПРЕДАВНИК". Мендрок се
проколнуваше зошто сето ова мораше да му се случува токму нему? Почна да
го проверува, му ги провери фармерките, ногавиците, џебовите од палтото.
Во еден од џебовите пронајде порака. Постојат повеќе луѓе кое подолго
време ве следат. Ќе ги распознаете по тетоважата на нивната лева
подлактица. Внимавајте знаат се за вас и добро се организирани. Чувајте
се!!! Конфузија е премал збор за изразот на нивните лица. Никој на никому
не му веруваше. Високо над Лос Ангелес се подготвуваше голема бура.