т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


д:димитровска мелани


г:години: 18
п:професија/нтереси: уметност и дизајн
н:нешто за себе: не сум нихилист!
e-mail: ja_melifriend@yahoo.com

 




 

к:краток расказ

Кратките раскази ме воодушевуваат. Едноставно да.
Краткотрајните атомски филмови исто така.
Дали дека чув Чарлс Буковски викал во моја маала дека генијот е во состојба најсложените нешта да ги претстави на едноставен начин? Еве едноставно ми се допаѓаат едноставните раскази.
Едноставните луѓе не ги сакам до толку. Премногу ми се прости (едноставно=просто).
Од најмијатурните нешта многу ги сакам атомите. Не сите атоми, само префинетите.


 



 

e:e, па Јуска

Еднаш Јуска беше однесен од ветерот. Не дека не беше слаб, само коските му висеа на неговата екс мускулатура. Едноставно Јуска многу му допуштил на ветерот. По три дена нон-стоп летање, ветерот еднаш толку многу го спуштил, па Јуска му се налути на ветерот, па не му зборуваше. Кога дуваше ветер не излегуваше од дома додека сонцето не му намигнеше. Ја караше сосетката да не ги изложува тазе перените парталчиња на тераса за ветерот да не ги однесе. Знае си тој, добар он, како е ветер партал да го носи.
Помина стварно време како Јуска не му зборуваше на ветерот. Се додека не дојде југот. И југот го скара: ,, Не си праи филмови бе, што се занесуваш? Па нели знаеш дека некој е непредвивлив, а кој е?,,
А кој е? - Јуска се запраша едно n- пати себеси и тргна да праша некого а наоколу само ветрот дуваше а тој се прашуваше а ветрот дуваше. Еееее па дојде време ти да видиш кој е непредвидлив. И така Јуска седна на шините на кои се веруваше дека никогаш не проаѓаше возот за да размисли.
Арно ама не беше јадел од пред, пред аааааа , не знам ни јас а ни тој колку време. И собра 1ј енергија од пивото ама не му послужи за да стане па си остана таму се додека возот не го однесе со ветерот.
 

 



 

!:!?

Некогаш некаде, во некое време, на некоја маса, во некој агол од некоја соба, седеле некои, си пиеле нешто од некои нешта, ,,теглеле,, нешто и си ,,тепале,, некој муабет за некое нешто од некоја случка некогашод некое време, во некое место од некој си кварт за некои. И во некој момент влегол некој.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


















































 

  д:дома