2007:јули/август
општ
конкурс
е:енушка т.
ш:што
понатаму?
По долго време повторно сум на една иста точка која за мене е и суштинска,
мојот животен извор од којшто да побегнам не можам. Пред себе ја имам таа
иста слика. Како и пред десет години кога со петнаесет не знаев што со
себе, кога со мојата незрелост не мове да најдам одговор на ниту едно од
прашањата што ме мачеа како најстрашните црни демони од филмовите на
американските режисери. и тогаш, се сеќавам, и тогаш знаев дека никогаш
нема да можам да ја најдам својата сопствена среќа. Она што се нарекува
мир и спокојство, она што сите го посакуваа и некако, на чуден начин, го
добиваа.
Мојот личен мир е некаде изгубен. КОја сум јас? Што сум јас? Дали само
една девојка од 25 години која се грижИ за себе, своето тело, својот дух,
или сум девојка која може многу, која може светот да го помрдне, планина
да премести, да остави белег за своето постоење?
Сеуште го немам најдено она што го барам...може и засекогаш ќе останам
само сонувач што сака нешто да каже, да раскаже, но не знае како..не моче
да започне и..
Грутката сеуште ја чувствувам во грло. Солзите после долго време сами ми
навираат. Лута сум. Не сум беспомошна, само лута. На кој? НА самата себе.
На себе и на моето невнимание. НЕкаде по пат се изгубив. Го изгуби животот
својот вкус, утрото својата боја, кафето миризбата која ме опива и
подига.. Некаде на тој пат оставив парче од мојата младост која никогаш не
беше млада.. Како да сум се родила остарена.. или можеби моето битие е
сеуште фетус кој сака да се развие..
Јас сум фетус, заробен во мајчината утроба. Пливам во ембрионалната
течност и .. имам очи. Гледам, гледам наоколу, но сите форми ми се некако
нејасни, чудни.. До мене допираат некои зраци, светли бранови ми го
придвижуваат телцето кое има очИ и .. да, имам и уши..
ПРЕСТАНИ ДА ВИКАШ!!!ЗАР СУМ ЈАС КРИВА ШТО Е ЖЕНСКО? КОГА ТИ ВЕЛЕВ ДЕКА НЕ
САКАМ ДА ЗНАМ..КОГА ТЕ МОЛЕВ ДА ГО ИСЧИСТАМ И ОВА, ТИ ЌЕ МЕ УБИЕШЕ, УБЕДЕН
ДЕКА Е СИН..
Врисок, плас, МОЛЧИ,САМО ЗАМОЛЧИ, ЖЕНО ГНАСНА..ДА ЗНАЕВ ДЕКА УТРОБАТА ТИ Е
ТАКА ЈАЛОВА, НЕМАШЕ ДА СЕ МАЧАМ СО ЗАВЕДУВАЊЕ,ЗАЉУБУВАЊЕ, ЗАДОМУВАЊЕ..ТА
НЕ БЕШЕ ЕДИНСТВЕНА..САМО ЌУТИ и ..ЗАР СЕГА НЕ МОЖЕ ДА ГО АБОРТИРАШ?
.. .. .. .. .. .. да, имам уши. и имам нешто што подоцна, по некои си 182
месеци , ќе го откријам во големата енциклопедија ЛА РУС под името
пренатална меморија. Но, сега само сакам да си ги најдам рацете..за да
можам некако бар да дадам до знак дека ги слушам, дека ги слушам и ги знам
нивните муабети и планови и прекројки. Раце сеуште немам , т.е имам но
недоволно развиени, ми фалат дланки за да плеснам или прсти за да штипнам
или нокти за да изгребам. Имам само долг екстремитет налик на фиданка со
која може да мрдам и да задавам тапи болови..но, тие тапи болови ја
радуваа, тие тапи болови го омекнуваа и тој забораваше на неговата матарка
секогаш полна со гроздовача, и на неговите откопчани панталони од кои
недостига кожениот ремен.. тогаш ја гушкаше, ја ставаше раката на мешето и
некако се смируваа неговите страсти, нејзините таги..
Долго седев счучурена и склопчена прашувајќИ се зошто морам да излезам.. и
тоа го слушнав, и го кажуваше една жена која целло време беше присутна и
се грижеше но, онака, вистински се грижеше и за неа и за мене.
ТЕРМИНОТ Е ДО 25ЈУЛИ. ЗНАЧИ НЕ ГРИЖИ СЕ, СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД. ЗА НЕКОЛКУ
НЕДЕЛИ ќЕ ИМАТЕНОВ ПЛАЧ ВО КУЌАТА..ГИ ПОДГОТВИ ЛИ ОСТАНАТИТЕ ДВЕ? МАЛАТА
ЌЕ МОРА ДА СВИКНЕ НА БЕБЕШКИОТ ПЛАЧ, А И ГОЛЕМАТА МОРА ДА СФАТИ ДЕКА МАМА
НЕМА ДА МОЖЕ СЕ ДА ЗАВРШИ САМА СО ТРИ ГЛАДНИ УСТИ НАОКОЛУ.ЌЕ МОРА ДА ТИ
ПОМАГА..
.. .. .. .. .. зошто морав да излезам ЈАС кога веќе таму има други две кои
поминале низ ова истото?
По некое време забележав промена..дупка која мозев да ја поцуствувам и да
ја видам со две црвени лини и нешто што штрчеше токму над дупката и на
средината под очите..и нешто замириса.. црн процтор.. некоја чудна струја
ме носи надолу..главата сама го диригира телото, телото кое има се..рацете
сега имаат прсти и дланки, но не можам да ги присламчам за ништо, некој
чуден флукс ме влече кон една бела точка .. не, очите ги затворам, ми се
изморија бидејќИ се трудев да ги искористам како бунт..
АЈДЕ АЈДЕ ПОСИЛНО.МА ДАЈ,ПА НЕ Е ДЕКА ТИ Е ПРВО ДЕТЕ, АЈДЕ ПОСИЛНО
НАПНИ..ЕВЕ ГО МУ ЈА ГЛЕДАМ ГЛАВАТА..
Сватив, ми останува само дупката за да можам да се задржам..ги движев
двете линии но..ништо, во мојата уста недостигаа заби со кои би можела да
ја каснам родницата и да предизвикам грч, болка огромна која би ми
дозволила да не излезам, да не го напуштам тој предел, да не знам за друг
освен за него.. или бар да почекашеда заборавам..велат, секоја меморија со
тек на време се губи..требаше само да ме остават за да може да исчезне се
што слушнав внатре..
БРАВО. УШТЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ.АМА< ОВА ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ БОРЕЦ.
Не успеав да разберам дека од мене преку мојата дупка се разнесуваа
миллион различни звуци.. нешто влажно ми се тркалаше од окото, иако ми
беше цврсто затворено- не сакав да видам каде сум- а сите наоколу беа
еуфорични..моето тело се тресеше, а дупката не се затвораше ниту пак тие
звуци кои се всушност плач,како што успеав да научам уште и пред да се
родам..
Јас само сакам да можам да се вратам, да заборавам, да се дооформам и да
слушам убави нешта, нешта како МЕСЕЧЕВАТА СОНАТА од БЕТОВЕН или фадо-
музиката на МАДРЕДЕУС или пак прекрасните звуци кои ги прават морските
бранови во миговите кога морето се љуби со копното..
Но.. ништо од тоа!
Само уште еден ден поминат во себеразоткривање, барање, пребарување...
Тања ми е моментално оф-лајн, а ГУГЛ никако не може да најде одговор на
моето прашање: ШТО ПОНАТАМУ?
м:мал виолетов
автомобил
По долго време повторно сум на една иста точка која за мене е
Имаше се. Таа имаше се што можеше една девојка да има. Имаше совршени
родители, работно место, убава гардероба, високо мислење за лугето со кои
дружеше, амбиции да го промени светот, знаење на тајни вештини за лечење
на главоболка, мамурлак И ишијас, прекрасни сестри, пријатели, гужви, сама
самотија, имаше СЕ.
Во тоа СЕ никој не ја прашуваше дали тоа СЕ е навистина комплетно или е
едно од оние половичните СЕ како допола изедено варено геврече купено пред
МНТ во центар. Само таа знаеше која болка и го избриша С од СРЕЌА.
Неподнослива осаменост веќе 3 години беше населена во нејзината душа.
Како подстанар којшто ужива во опијати и пушење тутун, а се поклонува на
смрадот од гадни чорапи носени три дни во патики на +40...но,кој редовно
ја плаќа својата станарина и не прави никаква галама, само ПОСТОИ. Таква
беше нејзината самотија. Понекогаш уживаше во неа, понекогаш лакомо и
стрвно ја наогаше во таа реа од гнилеж целта на нејзиното суштествување на
планетава, понекогаш добиваше од неа никотинско тровање и со часови ја
гушкаше школката во женскиот тоалет од апартманот на нејзините
родители..но, денес со презир ја поднесуваше сета таа леснотија на своето
живеење.
Сите околу неа беа преполни со скриен бес, закоравени фрустрации и
неизлечиви комплекси.. не дека и таа не беше една од нив. Само што таа
веќе три години успешно ја совладуваше техниката на трансформации,
маскирање и себезачувување, па веќе и самата не знаеше кога е гард, а кога
само таа.
И сите тие ѕидови се срушија пред НЕГО. Тој беше онаа тивка вода што веќе
година дена ги ронеше бреговите, ги разјадуваше темелите на нејзините
ѕидови. Се случи сето она што се случува кога знаеш дека во некој
автомобил сакаш да останеш цела вечер, да ја поминеш ноќта, да го
поздравиш утринското сонце, да го гледаш неговиот зенит па постепеното
залулување до целосно заспивање доколку во тој автомобил е и неговото
присуство. Таа , во тие мигови, беше онаа девојка која е сакана, слободна,
живее сама, независна, млада е и арогантна и бесстрашна.. го зема од
животот сето она што се нуди без излишни прашања и дополнителни нервози.
ТАА беше ВИСТИНСКАТА.
И сето тоа се руши како што се рушат и ѕидовите. Исчезнува како малата
мечка во 5.30 наутро.
Тој не може да ги лула нејзините бродови, да ги носи нејзините нишани, да
ја бакнува нејзината пожолтена од тутун рака. Тој има цел еден свет кој се
отвара само за него.. убавини, стапици, секс, блудничење И безгрижност.
Таа имаше подстанар којшто се врати , ја тресна вратата И голтна уште два
дијазепама со добра голтка Џони Вокер и прошепоти” Hunny, I’m home! “.
Имаше нов компјутер, кредит, обид за примирје со родителите кои совршено
сакаа само да ја омажат И вдомат последната од трите, (неуспешен), срце
црвјосано од болни љубови, тефтери испишани со погрешни бакнувања,
вљубувања, секс за секс, идеи за замонашување, хистерични испади, сесија
кај психијатар, тримесечен третман со антидепресанти, десет романа годишно
како лектира, два пара нови наочари, нешто малку нова музика, утроба која
гори по дете, стаж десетгодишен како дадилка на децата на своите сестри,
долги разговори кои водеа до заклучок дека нема да се разведат, искинати
нерви заради постоечкото работно место, свежи фрустрации предизвикани од
неможноста за трансфер во метрополата и работно место со солидна плата,
погрешни избори, ПАРИ..
Се знаеше како ова треба да заврши. Но, таа беше во тој автомобил, свиреше
ЦД со пиано преработки на ПИНК ФЛОЈД, тој, иако дете, иако помалку години
од неа( нејзините години ништо не говореа И беа само временска определба)
сепак тој до неа, со очи кои се море неизмерно длабоко во кое таа
потонуваше, се капеше, ги миеше сите свои гревови И се враќаше во
реалноста како новороденче.. со допир кој зборува повеќе од најдобриот
оратор, со дланки помеки од памук, со срцебиење кое го издаваше и се
кажуваше.. со најнежниот бакнеж на светот, со најцврстата прегратка, со
најврелата солза која беше сокриена во аглите на нејзините очи. И беше
среќна!
И беше независна, самостојна, со двособен стан кој мириса на пролет И е со
бели ѕидови и со спална соба само за неа И за него, со амбиции, вредности,
насмевки, бесстрашност, борбеност, пијани ноќИ, стаствено водење љубов,
два компјутери И еден лаптоп..
Не сакаше да ја напушти таа реалност, иако тој мораше да замине за да може
да живее.
Се врати , самотијата се врати, ја тресна вратата, голтна уште два
дијазепама со добра голтка Џони Вокер , запали нова цигара и прошепоти”
Драга, се вратив!“.
А таа на тоа само ладно, со горчина одговори: “Знам.. автомобилот одамна
замина, а вечерата е во рерната. “