2007:јули/август
општ
конкурс
ј:јолдески ненад
г:години:
20
п:професија/нтереси: студент
на економски факултет
e-mail:
figment_mk@yahoo.com
в:ветувањето
Зјапам во прозорецот. Дождот го мие со својата бистрина и нежно се лизга
по површината. Од мене паѓаат струготини на егзистенција. Стабилно лебдам
над столот. Додека немо ги наблудувам патеките на капките, дисонантни
тонови на пијано градат апокалиптична атмосвера. Само четворицата коњаници
недостасуваат. Во мислите цртам старец кој заборавил на се и хипнотизирано
плаче. Во раката ја држи Земјата. Веќе ништо не кружи околу сонцето. Се
чуствувам помалку примитивно. Помислив, што би ми рекол Галилео за оваа
моја визија? Ќе се сложеше ли со мене? Можеби, ако бев институција. Се
уморив. Ја згаснав музиката за да го слушам дождот и легнав на креветот.
Ги затворам очите и за миг осеќам како мојата замореност ме испраќа во
канџите на сонот.
Сонувам, потоп. Старецот неможе да престане да плаче. Дождот неуморно паѓа
врз натопениот свет. Земјата се исполнува со вода и се се претвора во
базен. Пливам. Целата нечистотија плови а луѓето се дават. Панично барам
нешто да се задржам, но нештото го нема. Еволутивен реверзибилитет.
Птиците летаат панично а на рибите им е сеедно. Кондицијата ми забива нож
во грб. Веќе немам сила да пливам. Уморно го земам последниот здив и
потонувам. Во синозелената алчност на водата гледам глобус. Брза усмерен
кон површината. Во него сеуште има вакум. Патувавме обратно, тој нагоре а
јас надолу. Го видов како изби на површината. Го допирам дното и се
станува црно. Наеднаш се будам.
Вдишувам длабоко. Во мене тлее чуството од сонот. Станувам и гледам низ
прозорецот. На небото висат две виножита, едно вкрстено со друго.
Хипнотизирано гледам во нивните бои. Чуствував како повторно се раѓам,
невин и чист. Се е хармонично, водата се повлекува но што се случува на
небото? Двојност. Зарем господ го заборави ветувањето или сето ова е
техничка грешка?
т:трилогијата
за еден ден (дел
1)
Утринска ревизија
Сонцето по којнае кој пат си играа креатор а денот излегува како аутпут на
неговиот уникатниот процес на мануфактурно производство. Неколку луѓе ги
шараат улиците. Го користат свежиот производ, не зошто сакаат туку затоа
што е единствен. Сепак уникатноста на денот како последица на таа
единственост денес е некако темна. Гледам и се чудам зошто пред моите очи
има црн превез. Како призмата на темнината да се преселила во мене. Дури и
сонцето не е жолто. Размислував и се досетив! Ги извадив наочарите. Сега
се стана јасно. Продолжив да јавам на ветерот кога погледот ми го отргна
еден човек. Стоеше покрај една машина и ставаше пластична картичка во неа.
На картичката го пишуваше неговото име. Пишуваше Х. Откако автоматот ја
прими картичката, тој стисна неколку копчиња и од еден процеп излегоа
пари. Ги стави тритеилјади денари во неговиот џеб и тргна некаде.
Почуствував силна желба да го следам. Тргнав по него.
Х. чекореше нервозно. На неговото мамурно лице се познаваа ноти на
вознемиреност. Погледна на часовникот. Стрелките покажуваа 7. Немаше
време. Го забрза својот чекор. Излегуваќи од бетонскиот отворен трговски
центар, излезе на улица. Поминуваќи ја улицата скршна десно. Во сокакот во
кој влезе немаше ниту еден човек. Тоа беше уличка на која судбината и беше
одредена поардаи нејзината валкана природа. Х повторно погледна во
часовникот но сега нервозно го извади од својата рака и го удри од
земјата. Часовникот се распарчи. Х се наведна, ги зеде неговите стрелки и
ги стави во својот џеб.
Сонцето беше на почетокот на неговиот репродукционен циклус. Поради
недостатокот на стандарди за споредување неговата продуктивност беше
висока. И додека големата вжештена ѕвезда монотоно произведуваше, на
крајот на улицата се појави црн блинидран мерцедес. Х се приближи до
колата. Му даде пари на челавиот човек со црни наочари а тој му предаде
еден пиштол и во истиот миг замина.
Х. Се упати кон паркот во кој сеуште немаше луѓе. Залута кон најтемниот
дел. Кога стигна застана на една клупа. Ги извади стрелките од часовникот
и ги стави во својата уста. Почна да џвака. Додека го правеше тој ритуал
на безвременоста и го уништуваше окупаторот на времето, го извади
пиштолот. Џвакаќи го усмери кон својата глава. Не ги затвори очите. Го
повлече чкрапалото.
Соцето веќе уморно се скри зад еден облак. Пауза за доручек. Доста со
работа а и на крајот тој на никого не му одговара за својата ликвидност,
ефикасност и ефектвиност. Така пиеќи го своето утринско кафе гледаше кон
клупата на паркот. Чуствував како се смее на сликата што ја гледаше. Х
стоеше а од пиштолот наместо куршум беше илезено знаменце на кое од едната
страна пишуваше ,,Колку пари толку смрт“ . На другата страна стоеше
бесплатен телефонски број под кого пишуваше „информации за потрушувачте“.
Х. тргна некаде потполно раочаран а сонцето немаше менаџер кој ќе го
мотивира да работи па така го препушти светот на немилоста на ревизорот -
дождот.
т:трилогијата
за еден ден (дел
2)
Post Meridiem
... Некаде околу пладне Х. беше прилично збунет. Механички погледна низ
прозорецот. Се напрегаше да остане смирен кога погледна надвор, но тоа му
одеше некако тешко. Во неговите очи се беше зголемено, дворот, куќите,
улиците, светилките на патот, луѓето, колите... Се беше крупно и моќно
големо, се чинеше дека само тој и неговиот дом го уриваат не толку
хармоничниот поглед на светот. Неможеше да поверува. Го тргна погледот и
застана на столот. Се напрегаше да ги среди мислите. Дали полудува или
неговото сетилото за вид има амбиции да стане лупа? Дали се е зголемено
или тој и неговата куќа се смалени а сетилото е во ред? И на крајот која е
причината за сето тоа? Немаше одговор. Повторно погледна надвор. Покрај
прозорецот помина нечиие колено а после него тркало од точак. Х. по
автоматизам ги спушти ролетните и почна нервозно да чекори низ собата.
Мислеше што да направи. Живееше сам и немаше никој на кого би го прашал
што се случува. Помисли на полицијата но во истиот миг ја избриша идеата.
Полицијата е создадена да им помага на високите џиновите не на џуџињата,
си помисли.
Неможејќи да пронајде логично решение или некоја алтернатива вредна за
испробување излезе низ вратата. Со само првиот чекор во новата реалност Х.
наиде на проблем. Мораше да избере дали сака да биде мравка или згазена
мравка? Трчаше во обид да ја избегне немилосрдната природа на една розева
штикла. Успеа, и тоа не само да избега туку и да се искачи на истата. Сега
можеше безбедно да наблудува се од друга перспектива. Качен на своето ново
транспортно средство го поминуваше градот. Ја чуствуваше природата на
психоделичниот нов свет. Се што виде му беше доста познато, само што сега
немораше да внимава на тоа како изгледа и како се однесува а можеше и да
ги посети сите места кои ги сакаше. Виза не му требаше. Сега тој со сета
своја ситност е дел од новиот поредок, дел од глобализацијата, мал дел
исфилтриран во казанот на големите идеали. Но Х. заборави на едно а тоа
беше дека човековата несмасност е доста честа појава, па така држеќи се
цврсто забележа како силен ветер почнува да дува, а асфалтот се повеќе се
приближува кон него. Девојката на која беше искачен падна право врз него.
Во истиот миг ги виде сите бои како се прелеваат како на скршен екран. Не
чуствуваше болка и сеуште дишеше иако врз него паднаа цел човек. По
којзнае кој пат ништо не му беше јасно. Почуствува како некој да му ја
повлекува главата. Ги отвори очите. Пред него се појави девојка која му
рече:
- “ Ви благодариме што ја користевте нашата услуга за симулација на вашите
фантазии. Вашето време истече. Се надевам дека добро се забавувавте.
Доколку сакате да продолжите ќе ве молам да ми ја дадете вашата кредитна
картичка”
Во раката држеше пластичен предмет кој личеше на човекова глава а со кого
човекот можеше толку реално да си ги види своите потсвесни фантазии. Х.
немо ја гледаше во нејзините вештачки трепки. Стана без да прозбори и
излезе низ вратата. Надвор се беше вообичаено. Неможеше да поверува дека
плати толку пари за да го види истото она што го гледа секој ден.
- Зарем малку сум мравка па уште и мравка сакам да бидам! - полугласно
коментираше.
Се упати кон својот дом. Кога влегуваше во вратата погледна на улицата,
една девојка во розеви штикли се сопна и падна врз асфалтот. Не и помогна,
неговото време веќе беше истечено а немаше нити виза, ниту визија.
т:трилогијата
за еден ден (дел
3)
Затвор
...Ноќта ја истура својата темнина врз асфалтните улици. Месечината го
сведочи присуството на празнината која толку смело го окупира градот.
Воздухот мириса на остатоците на денот. Се е со чудна нагласеност.
Измеѓу четирите ѕида кои го смалуваат со својата гиганска белина Х.
здрвено гледа во телевизорот. Без да трепне уморно зјапа во црните точки
на малиот екран. Којзнае каде одлутал низ мислите. Дури ни мувата која
здодевно брмчи и слетува на неговото тело одвреме на време не успева да го
отргне од состојбата на зашеметеност. Со нетрпеливост чека да се појава
слика на илузионата кутија на визијата. Нема веќе сила да се воздржи.
Наеднаш го тргна погледот и нервозно замавна по мувата. Не успеа да ја
убие. За момент се почуствува виновно. Повторно се врати во истата
положба. За среќа или несреќа црните дамки кои го означуваа прекинот на
програмата почна да добиваат боја и во неговите очи се отслика сликата на
спикерот кој зборуваше :
„... Или фискална сметка или катанец на црквите. Фондот работи и на штета
на лекарите и на пациентите. Наставата денеска прекинува во 10:00 часот,
решениото за ученичкото насилство лежи во фиока. Пречистителната станица
ќе ја оживее мртвата река. Ал каеда удри и врз Иран и Алжир. Португалија
го легализира абортусот... “
Х. ја смена програмата. На стакленото платно се појави жена која вештачки
плачеше. Во истиот миг во собата влезе жена со сапуница на рацете, зеде
една крпа и брзо излезе. Разочарано и со доза на рамнодушност програмата
повторно се смена. Сега се илустрираа тројца луѓе во домашна атмосфера на
едно студио. Водителот рекламираше кафе цели десет минути. Х. го згасна
телевизорот и стана. Се облече и излезе низ вратата. Се чуствуваше толку
бедно и напнато што неможеше да го трпи ни сопствениот дух. Дури ни ноќта
не успеа да го смири. Луташе по празните улици не размислуваќи за ништо.
Шетаќи здогледа една зграда. Беше висока и доста привлечна на изглед.
Одсекогаш сакаше да проба како е да е Бетмен. Знаеше дека тоа е филмски
возможно а тој неможеше да е во поголем филм од сега. Влезе во неа и се
искачи на самиот врв. Застана на работ на зградата и се фрли. Паѓаше.
Неможеше да лета. Падна на церадата од продавница па на земјата. Преживеа.
Се чдеше на неговат среќа и воедно на глупоста која штотуку ја направи.
Само што сакаше да стане и да се упати до најблиската болница од
четирнаесетиот спрат на зградата еден нервозен човек го фрли својот
телевизор. Пластичната кутија падна директно врз неговата глава. Мозокот
му се распрска заедно со парчињата од екранот. Асфалтот крвареше а од
висината на зградата се слушаше:
„Нема пари за стечајците а!“
д:две неба
Ноќта навлегла длабоко
во сржтa на светот и полека уништува се што е
светло. Неми мисли поминуваат низ мене. Стојам пред бесконечен ѕид. Се
извива до небото и го сече на два нееднакви дела. На него огромен црн
прашалник - графит на некој уличен уметник, прашува прашање а јас немам
одговор. Знам само дека сакам да ги видам двете неба во нејзините очи.
Земам машина за уривање и уривам, ништам се од корен и ѕидот паѓа. Паѓа и
гордоста, ја нема, гори со огнот на последниот шаман, се претвора во чад и
левитира над празен простор. Зад ѕидот најдов океан од отрови. Во него
сите отрови се споиле во еден и убиваат, еден за сите - сите за еден, а
јас морам да пливам. Вистината ја барам во зборови затворена.
Кога го допрев копното се беше во ликвидна мешаница. Сон над градот покрај
брегот. Чекорам тешко како низ мастило да поминувам. Барам две малечки
неба во милионски град. Игла во сено. Но јас знам каде одам. Тие две неба
се магнет а јас сум доволно железен ноќва.
Стигнувам на местото каде завршува светот и ја гледам. Гледам во моите
неба но синилото го нема. Има само страв распрскан како голем облак.
Зборовите се изронале, таа не зборува. Одговорот се скрил низ басот на за
мене бездушната музика. Немам карта да влезам и да го спуштам за три
октави, да го погалам и да го украдам. Тогаш на ѕидот нема да има
прашалник. Но јас немам ни пари ни толкава амбиција. Таа ми дава камен а
јас морам да го земам. Немам избор. Го завртува грбот и заминува.
Тргнавувам... Пробиваќи се низ мастилната ноќ почна да врне. Само каков
ефект се добива кога капка вода паќа во мастило! И така чекорам со
самоубиствена визија а каменот се повеќе се зголемува. Влегувам во океанот
и тргнувам назад. Пливам но неможам. Се давам, пропаѓам, го допирам дното.
Утро. Се појавуваат еве некои луѓе како од цртан филм излезени. Знам дека
не се реални но барем тоа го имам - фантазијата. Не ми зборуваат, само го
закопауваат каменот и свиркаат испуштајќи балончиња. Во вода се е полесно.
Избивам на површината и се враќам кај урнатиот ѕид. Почнав да градам нов.
Повторно заѕидан.
Сега стојам и нема веќе што да прашувам ниту да ме прашуваат. Несакам да
знам, не сакам да ме знаат, не сакам да ме најдат. Која е поентата на
лубовта кога е прегазена од гордоста?
На ѕидот аматерски ги нацртав твоите две малечки неба. Сега ги имам
засекогаш без одговорот и без дозвола.
Под нив напишав:
Дали се чуствуваш како одговор?
в:лепливост
Денот е некако туѓ,
осамен и без смисла. Лесно лудило гребе врз неговата проѕирна кожа. Одам а
дождот паѓа и како да се обидува да ме убие злобно ме стрела со ситни
капки. Полудувам и забрзано почнувам да трчам по празната влажна улица.
Трчајќи ги скокам сите подлабоки океани на улицата. Брзам но се ме
претекнува, дождот, улиците, времето, светот... Конечно влегувам во една
запуштена барака покрај патот. Го отклучувам катанецот кој се уморил од
гоините, вратата шкрипи во високо C а јас ја трескам со сета сила и таа
замолчува. Тишината плаче измеѓу дрвените ѕидови и како да чуваа скапоцени
еони владее како неуморен стражар. На масата го гледам моето стаклено
ѕвоно. Стои како што го оставив пред години. Ја бришам нежно прашината
која се нафрлила на него а во него стои мало нешто кои се игра. По кој
знае кој пат го гледам како се лепи за подлогата од мед и по кој знае кој
пат се обидува да се одлепи со нозете. Зјапам во внатрешноста на ѕвоното и
дамарите ми се будат, но веќе неможам морам да го уништам засекогаш. Го
кревам стаклото и го кршам а нештото веќе губи здив и испарува. Го чистам
медот од подлогата и ја ставам во една тегла. Излегувам надвор и ја
отворам теглата чекајќи дождот да ја натопи. Заборавам на теглата,
влегувам внатре и на масата ставам аквариум. Аквариумот е полн со зеленило
а во него друго мало нешто игра на зелената трева. Задоволен заминувам
дома.
Седам покрај брегот на едно езеро. Многу соништа се родиле тука а малку
изумреле. Се чудам на лудоста на водата. Од каде и е таа сила да може да
зелепи нечие постоење. Понекогаш не треба да помине многу време за се да
стане лепливо и воедно неодлепливо. Влегувам со босите нозе во водата и
наеднаш нешто ме трогнува. Се вртам и веќе за миг сум кај старата барака.
Влегувам а внатре повторно тишината само што сега има симфониски оркестар
кој ја придружува. Цела внатрешност е полна со пчели кои направиле мед за
милион нешта. Се собраа во еден ќош. Гледам се е лепливо и прекриено со
мед, дури и малиот аквариум е полн. Се приближувам и гледам две мали нешта
си играат брканица и весело се лепат за медот. Едното е доволно старо а
другото доволно младо. Релативитетот направил ореол околу нивните глави.
Едното е без голема сила но постои а другото е силно како самата сила да
се инкарнирала. Истиот пол им дава етиката а моето чуство ги прави
апслутно различни. Подлогата е иста, мед кој лепи. Меморијата не умира на
леплива површина а јас често немам апарт за антилепливост.