2007:јули/август
општ
конкурс
м:манев милан
г:години:
21
н:нешто
за себе: јупитер
м:мачка
Од не знам каде дојдов
до прозорецот и погледнав со едно око затоа што другото ми беше
полуотворено и залепено од жолта цврста материја.Не видов ништо интересно
но затварајќи го видов мал слој прашина. Беше толку прлаво а убаво.Дали
затоа што го мразев Хитлер? Од каде е прашината се прашував два дена. Дали
е од минатата година кога дуваше силен ветер и носеше многу прашина? Кој
знае, мислам и дека таа прашина е причина за бронхитот на Славче кој се
лекуваше две години.
Можеби само требаше да ја избришам прашината и да не кажувам за таа
прашина. Сепак беше многу добра.
ј:јас
Кој сум јас? Кој сум
јас? .................
Сигурно сум тој што се гледа кога ке се погледнам во огледало. А можеби и
да не сум јас. Кога ги затворам очите си велам,,кој сум јас?,,
Па сигурно не сум Рамзес, туку јас. А кој сум јас навистина?
Надвор врне и дува силен ветер а јас не знам кој сум и зошто сум. Сигурно
сум потребен на овој свет, а зошто? Сигурно ако не за друго барем да го
трошам кислородот на оваа планета. Сигурен сум дека има и други такви
двоножни суштества на оваа планета. Имбецили или дебили сеедно кои не се
потребни.
А кој сум јас? Еве уште не знам. Можеби ќе дознаам за два дена.
н:не ми беше јасно
Тие не беа со мене. Јас
бев со нив, но зошто седеа и за што зборуваа?
На мене не ми беше јасно. Мечето кое седеше на креветот ме гледаше и како
да сакаше да ми каже:,,Спаси ме не ме оставај во пеколот!,,. Но го
погледнав поубаво тоа беше Ика (сопственост на неговите родители). Но не е
битно тоа и ништо не му значеше на еден пријател кој многу малку зборуваше
повеќе сакаше да лета со гулабите. ,,Дали има вонземјани?,, - се прашав во
моментот. ,,Има,, - ми велеше едно пријателче кое беше до мене а претходно
ми кажа дека нема да седи многу долго. Му реков да ми даде вода. Тоа рече
дека не е од оваа планета. Тогаш нешто тропна. Јас си ставив тампони за
уши за да не го слушам тој звук иако ми стана топло.
Кафето кое го варев не знам колку време, не можев да го испијам затоа што
се губеше во димот во собата. Па што, јас важно сакав кафе.