август/септември
д:дренковски димитар
д:да се преживее и да се надживее
Бебе. Дете. Тинејџер. Човек. Старец. Заробена континуираност од
константните синџири на времето. Бегство? Возможно.
Господ вдахна душа во фигура од глина и ја благословил со живот, надеж и
слободна волја. Настана “Човекот”. Битие со чувства, разум и волја.
Перспективата - надежна. Развојот, дел од сегашноста и од иднина. Војлата
- неограничена. Чувствата се клучни. Да чувствуваш -да искусуваш. Искуство
води до сознание. Сознание води до подобар живот. Човек – битие со
надежна, прогресивна иднина. Важна цел: “Да се спознае себеси, па после да
ги спознае другите” (Буда).
Каква е оваа заробеност? Чии се тие пранги? Надеж? Какви се овие “клучни”
чувства? Што е ова?
Животот е тоа. Чудно, нели? Едно поинакво гледиште за настанокот на
Човекот.
Некои работи не се толку едноставни колку што изгледаат на прв поглед.
Животот е гатанка основана на морални принципи, испреплетена со варијации
на чувства, заклучена во временскиот континиум и оставена на надежта.
Знаењето е клучот за откривањето на мистеричното клопче наречено живот.
Успех е клучниот збор. Оптимизам е надеж за успех. За да успееш во животот
ти е потребно многу, но и малку. Треба да знаеш, дека не знаеш (Сократ).
Треба да војуваш на мирен начин. Да умреш, а да живееш. Да се заштитиш со
сопствен морален оклоп, за да не бидеш заразен од туѓ. Треба да успееш
каде што други не успеале. Треба да бидеш човек, а не ѕвер. Да успееш!
Бебе. Невино суштество, олицетворение на ангел. Развојот е на самиот
почеток. Разумот е природната селектирана дарба со можност за
подобрување.. Умот е сунѓер жеден за знаење. Првите денови , првите
недели, првите месеци, првите зборови, првите чекори…
Дете. Безгрижно суштество, олицетворение на родителите. Константен развој.
Околината е неговиот извор на информации. Родителите се неговите водачи.
Неговите патишта се многубројни и отворени. Можностите се неограничени.
Тинејџер. Чудно суштество, олицетворение на општеството. Развојот е
најинтензивен. Животни крстосници. Неговите визии и идеали се диригирани
од општеството. Неговата единствена цел е да се вклопи.
Човек. Супериорно суштество, олицетворение на годините. Развојот е во
крајната фаза. Животот е таков каков што си го одбрал. Мисија: создавање.
Мисија: практика. Мисија: успех. Човек врвен степен на развојот. Иднината
е сега.
Старец. Напатено суштество, олицетворение на трудот. Мудроста и искуството
се негови придружници, а времето негов непријател. Старост – единствена
шанса за последен ослободителен крик. Цел да се живее и да се надживее.
Каде се сега сите они убави животни момети во животот? Каде е оптимизмот?
Каде е среќата? Каде е љубовта?