т:темплум |
август/септември
Кого го интересира граматичкиот дел од животот!!! Зар му паднал некому на
памет да работи во стилот на класичните коњугации или да си го планира
животот во формата на генитив!!! Не, без ум беа тие луѓе, без трошка
семантика, без трошка дијалектологија во полето на нивното вршење нужда.
Уште потрагично е што времињата си ги менуваа произволно, без никого да
прашаат - идното невозможно време често виртуелно беше овозможено од нивна
страна, сегашното никакво некои си го поврзаа со минатото зафркнато време.
Администрацијата пак не ја познаваше формата `време` - ниту една згодна
придавка не им влегуваше во уво, иако беа опсипувани со деминутиви и
аугментативи. Историчарите пак се чудеа зошто нашите револуционери не се
менуваат по падежи... Се замислија за ова научниците и решија да не го
спојуваат едниот дел од животот со другиот дел од реченицата и да си
остават реката од лексика да си ги носи сите лајна од неологизми во сите
основни и средни школи. Академиците пак - тие се реторичко прашање само за
себе, само без него, само со сите и сите без врска. Метафоричните пак ни
интелектуалци не се замислија многу многу, ја увезоа најновата граматика
од кај што заоѓа сонцето и не учеа на новите стандарди во морфологијата со
посебен осврт на соживотот во синтаксата. Тоа ти се вика една бучна
грамтичка разврска...
А вие што мислевте господине! Зар не помисливте дека е можно да се
однесуваш индиферентно спрема една обична улична светилка, или да мислиш
дека си светилник за непросветлениве, господине! Па, вие сосема ме
разочаравте, и мене и вашата суета. Сега на што да мислиме? – на фрлањето
на ѓубрето кај малите притоки на свест, или кај монохроматските илузии за
иднината, господине! Додека вие мислевте да се вадите од салатата со
недозреани малограѓани, умот ве претекна со неговата суперсонична идеја за
газење со копита по слободните мисли. Господине, ниедно животно од ваш
калибар тоа не би го направило, ниедно така недозреано лустерче така не би
светело. И додека ги пуштавте да јадат пушени мевца, не се ли плашевте и
вашето месо да не го изедат некој ден, така црвено и сочно како и оние во
продавниците со големи задници. Готово е господине, мислите се испушени
одамна… Кутиите за цигари одамна станаа кутии на затворената вселенска
амнезија. Ами, гледајте ги вечерните светулки како немирни дами после ПМС
како шетаат по улиците ко крволочни ѕверови што бараат свила, оставаат
црвени отпечатоци за црните денови да не бидат посрамени, господине.
Прошетајте после по алеите од умни глави што ги засеавте по калта на
поранешните детски игралишта, видете како куклите што би требало да бидат
луѓе се лупат како портокали под вашето влијание, господине! – гледајте
како блудничат со своите желби за искрено добра сезона на свежи сокови,
како си ги кријат своите желби во своите мали и смртносни, до некаде и
изопачени виолини… Гледајте ги господине пораките по беливе ѕидови и
прочитајте им ги клучевите од поими што ги оставале умните глави. Тие не
се претенденциозни, не господине, тие ниту имаат вишок кариеризам во себе,
тие само беа така донесени на свет – без желби за понатамошно цедење на
соковите од вашиот најголем непријател. Еве, дури и Месечината ја
излажавте дека сте ја посетиле и посветиле внимание. Но не, ѕидовите тогаш
немаа уши да го слушнат молчењето на ветриштата и пакосот на масата од
невидливи продолжени раце. А и сега господине, што има сега, закрпени дрва
ти носат болни овошки, мали животинки со премолчени илузии, голи раце со
покриени водени навлаки за да се не изгорат елементите на животот,
господине! Ни изнакажавте зборови, зборови, зборови, господине! – ама
заборавивте да ни дадете упатство да ги избегнеме, господине! Оваа ваша
идеална микроклима и фрагмент во времето веќе не се инспиративни и за вас,
декаденцијата почнала да ги фаќа и скокотка вашите нозе и додека да кажете
`ресана` ќе се најдете во родот на водоземците.
Расипаните мисли беа и сеуште се извор на мистика кај улиците. Премногу
векови се надеваа дека тие се лоши варијации од таму горе, ама и после
Јуриј се даде тоа за невистина. Расипаните мисли ги одбегнуваа тротоарите
како слики од масло и акварел на помешан оган и салата и вселенски бродови
со брзина на мислите. Заробени та слободни мисли во континуум на војна и
разурнувања, распани мисли со малку додаток на оригано. Мислителите и
философите беа збунети и преплашени, а медиокритетите беа фрапирани од
мислите па дури и расипани. Името им остануваше апстрактно додека
дејството им беше силно кафе наутро, резултатите беа наци научници и
искривена темпоралност. И мене ме обзедоа мислите дури и расипани и
расипаните де мисли на холокаустот на мојата тајна мизерија против
медиомалите големци. Ах, мислите те расипани и дворот со овчар со желби за
добар сон и лошо јадење, коњ те нилски и пропелерите од ниската земја со
мелењето на мислите те расипани и мисли со акварел црно-бел. Ќе им дојде
ли времето на расипаните те конзерви и сладолед и мисли веќе еднаш. Им
понудија ли азот за нивниот спас или далечински управувач за промена на
силата на расипаноста. Се изначудивме над мислите те мисли со жолта круша
боја и окер на бело платно, портрет на Јуриј и неоткриените нивни роднини
па дури и расипани. Не вкопаа мислите де во тафтократија на расипаност и
мислите со мотиви на поквареност... Малиот принц додуша и не го загрижуваше мијалникот кој беше скршен и чешмата која без осет тропотеше и клокоташе со денови. Малиот принц ама ич не го загрижуваше надоаѓањето на војската од глупави гуски во неговиот двор. Малиот принц не се ни нафаќаше со мисла на глава да прошета за да не му отпаднат нозете. Тој едноставно си го бараше мирот во лулето. Штета што мирот и не го најде. За таа цел и соблече неколку пара реченици, ама од мирот ни трошка од леб. И додека импотентната интелигенција во него бараше надмоќ на смислата и логиката... си најде тој барабан. Самото име на овој запрепастувачки предмет го фасцинираше, а звукот будеше уште десетици мрзливи костени на масата. Логиката ја испреврте како што знаеше – калогита, талогика, каталоги, игокатал итн, ама со веѓата не се помрдна после овој чин на обечинствување на логиката. `Добро е` - си кажа малиот принц и заврши со добрите обврски за тој ден, а следниот ден го чекаа уште многу денгубечки пораки во воздухот околу него. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |