август/септември
м:меновски рубин
г:години:29
rubbin@freemail.com.mk
б:безум…
На една роденденска забава Г-дин Смиле запозна еден човек со кој низ
неврзан разговор стигнаа до палеонтологијата, која се покажа како страсно
хоби и кај двајцата соговорници.
Г-дин Смиле, прекрасната вечер ја закити и со добиено ветување дека ке ја
посети највеличествената и најдлабока пештера во светот.
Таа вечер си легна со насмевка на лицето, а на ум му допаѓаа илјадници
мисли - со какви сè чудесии би била исполнета пештерата.
(прескокнат дел од приказната)
…ниот
Г-дин Смиле, како и безброј денови претходно, повторно дојде точно во
19:00 ч. на истата карпа и иако гледаше во морската шир, неговите мисли
сеуште ги откриваа убавините на најдлабоката пештера во светот.
o:oзбилно!
Околината го прифати Гоце Смилески како сериозен човек дури откога почна,
заради својата несмасност, да удира и поместува предмети.
Целиот случај би бил обвиен со доза на мистерија ако не се знае дека Гоце
Смилески притоа ги опоменува истите тие предмети и им објаснува дека не е
во ред тоа што го прават, бидејки некогаш нема да биде во близина да ги
придржи.
Тие што ќе се скршеа при контактот ги испраќаше со мајчинската строгост
- „нели ти реков“.
o:oзборување
Кога веќе го озборуваме Теофил Трајковски морам да кажам дека единствената
причина поради која не изврши промена на полот беше неговото конзервативно
воспитување.
Но, како што му прилега на еден интелегентен човек, така и Теофил изнајде
решение. Имено, најде една девојка, би било невкусно да ја именуваме, со
лабилен карактер и… со трпеливо манипулирање, лажни ветувања и нежни
издишки на љубов направи идеална копија од самиот себе.
И не помина долго време од тогаш, кога почнаа да пристигнуваат и првите
честитки на негова адреса од видот: совршени сте еден за друг, личите како
едно, итн.
Само искрено се чудам, зошто кога има мозоци со ваква моќ во човештвото,
ние сеуште ги сечеме дождовните шуми или зошто сеуште користиме столици,
кога сите знаеме дека фотелјите се поудобни.
с:сегаутрешност
Ова е единственото место каде што ќе го навестам мојот најголем изум, се
додека не ви го претставам и физички.
Значи, се работи за „сегаутрешност“.
Се наметнува прашањето „што е тоа?“.
Одговор:
Сите знаеме дека е измислена книга за минатото- „историја“. Е, зошто тогаш
да не се измисли и книга за иднината? Ете таква, концепциски составена
налик книгата за минатото, односно со случки, настани и личности коишто ќе
остават печат во иднината.
Смислата на оваа книга ја наоѓам во тоа што би можеле да им удираме клоци
на оние кои нема да ни се допаѓаат во иднина (ластици и чворги строго се
забранети заради можноста од оштетување на мозочните ќелии) .
2. Малтретирање и труење на сопствените деца е возможно само во случај ако
се заведени во црвената книга.
Појаснување: Таа книга е всушност второто поглавје на „сегаутрешност“ во
која се запишани и опишани луѓето кои ќе влијаат врз животите на повеќе од
14 луѓе, како на пр.: војсководци, водители на ТВ емисии, претседатели,
новинари, народни пратеници итн.
Ете толку.