август/септември
м:мирчески дејан
н:непромисленост
Во едно гратче на жални врби,
искинати тетиви, миризливи срања, имаше понекоја цреша која во пролет беше
полна со цветови, а после тоа паѓаа. Исто така имаше и полен, кој на едно
дете што беше алергично на полен му предизвикуваше астматични напади.
Детето своето столче си го нарече трон и многу обожаваше да седи и да
владее со шпага, салто мортале, трицепс, петоцепс и шест-седум луди кучки
што се викаа Митри и прдеа како твор. Можеби небрежност, ако знаеше што е
тоа. Стварно, што е тоа небрежност?-се прашуваше детето. Можеби...можеби
сопка на патот без надеж, или пак детелина со четири листа? Можеби склад
на отпадни материи што предизвикуваат отоци во долниот дел на стомакот?
Можеби дрвени Марии, жолти зими со пеколно сонце, празни црни мисли, десет
ономатопеи црвени? Можеби е некоја симболика што означува ебиветер? Можеби
балоните не се балони, а што се тие без воздух? Детето стана од своето
столче, си го најде омиленото место во ѕидот и удри три пати силно со
главата. Тоа беше најслабото место во ѕидот и се надеваше дека некогаш ќе
попушти. Се радуваше на сјајните ѕвездички што кружеа и играа околу него,
почека да му помине свирењето во ушите, да му се врати рамнотежата, стана,
го потапша ѕидот и му рече:<Кога-тогаш ќе попуштиш.< Се прошета малце низ
собата и си рече самиот на себе: <Имаш цигара?<-а тој преќуте, знаеше дека
не пуши. Реши да си седне на столчето, а во главата нешто му бучеше.
Можеби мувата во која сака да се реинкарнира за да лета брзо и да нервира
луѓе?
-Лазиш гомна бе?-Не лазам бе!-си помисли. Не, не е од мувата, мора да е
нешто друго. Главата ми бучи сè повеќе, мора да ја исклучам. Ќе си вградам
турбофлатор одма над челото и ќе дејствувам на тој начин што кога ќе дува
ветрот и јас ќе дувам со турбофлаторот и ќе си мислам дека ми е од
турбофлаторот. Што ако си го скршам турбофлаторот додека удирам во ѕидот?
Ѕидот му рече:-Па со глава ѕид не се руши!-Ќе видиме за тоа-одговори
детето, го погледна остро ѕидот и ги намршти веѓите. Ѕидот му рече:-Немој,
да не ме пресечеш со поглед-и му се насмеа иронично. Детето се наљути, си
ја стави партизанската капа и викна:-Чесен титов пионерски збор! Ја извади
капата, ја плесна од земја и рипаше врз неа три дена и три ноќи. Откога се
умори, а мораше и вода да пие, отиде на чешмата, му текна дека увото и
грлото се поврзани, па реши да пие вода од уво. Ја наведна главата под
чешма, си го поднамести убаво увото и пушти млаз. Тапанчето почна да
лелека и да вика:-Што ти е на тебе бе будало! Не можеш да пиеш вода како
сите нормални луѓе?! -Имаш право-му одговори детето. -Вака многу малце
вода ми доаѓа во грло, неколку капки, а и тие некако горчат, а после тоа
месец дена ќе ми треба да ја извадам вишокот вода рипајќи на една нога со
прст во уво, да се обидувам да го одзатнам. Сега мислам дека кога ја нишам
главата го слушам звукот на морето. Мора да имам барем две литри вода во
главата. -Со се таа во мозокот?-Не бе, чиста во увото. -Е, две литра во
увото, увото нема толкав волумен. -Аа, нема. -Добро де, не две, литро
ипол. Дрндупки-си помисли детето-Од каде сега литро ипол кога нема ни
пола?! Се врати во собата и повторно си седна на тронот со прст во уво. И,
колку убаво е вака! Почна да го мрда прстето сè побрзо и побрзо и побрзо,
а топла водичка му течеше по прстето.
-Бр, бр, бр, бр, бр, бр,бр-си викаше детето и го мрдаше прстето сè побрзо
и побрзо и-Бр,бр,бр,бр,бр-викаше сè побрзо и побрзо и погласно и погласно,
додека млаз топла водичка му течеше по прстето. Детето почна да урла:
-БР!БР!БР!БР!БР!-а главата му се нишаше како Џон Траволта. Стана од
столчето и почна да рипа на десна нога.-Не можам више-рече. -Ќе можеш бе!
Ќе можеш бе!-и со лева нога си маваше клоци, силно замавнувајќи за назад.
-Иииииииии!-се зачуди детето, се стаписа како нешто да му текна нешто.
Направи замислено лице и во неговите очи блесна тажна искра. Зошто да не
може ѕид со глава да се бутне? Зошто сè што лета да не се јаде? Зошто сè
што се мора, да не е тешко? Зошто Русите го мразат Достоевски? Зошто
луѓето ме убиваат? Зошто доле е многу длабоко, не можам ништо да видам,
темно е и тажно? Поубаво е да си човек или ѕид? Можеби има ѕид во човекот
и во ѕидот има човек? -Кој го ставил? Веќе не прават такви работи, не
знаат сега да градат. Порано обавезно заѕидувале по некое бебе, ако не
човек. Таа што ја заѕидале во мостот, само едната цицка ù ја оставиле да
може бебето да цица. Го усреќиле. Како ќе расте дете што мисле дека мајка
му е мост. Секогаш кога некој ќе сака да премине преку мостот, ќе си
мисли:-Ја газат мајка ми, ме газат и мене. Јас сум мост. Поубаво да бев
тротинет или бициклистички. Или можеби ќе се гордее и ќе се џитка под
нозете на луѓето и ќе вика:-Оф,оф! А дете што има мајка трафостаница ќе
биде многу енергично. Наеднаш се изнасмеа, ја снема тажната искра, очите
му засветија, го погледна ѕидот, се затрча накај него и го плесна со сета
сила. Ѕидот се сруши, се сруши и куќата, се сруши и сонот.
н:детето што трчаше по
облачињата
Замислувајќи замислени
замислености, едно дете се шеташе по улицата на која покрај бандерите
имаше и некои други работи. Не баш покрај бандерите, можеби малце подалеку
од нив. До понекои бандери немаше ништо, само трева. На тревата, едно мало
девојче со кадрави локнички се вртеше во круг гледајќи во ѕвездите. Се
вртеше, вртеше, му се сврти и падна на носето. Не знаеше дека ако гледа во
ѕвездите може да падне. Девојчето почна хистерично да плаче, како да не
беше сосема мало девојче. Стана, ги погледна ѕвездите и почна повторно да
се врти побрзо, со рацете мавтајќи, како да сакаше да полета. Детето се
стрча, ù плесна еден шамар, девојчето падна и го погледна зачудено:
-Што ме гледаш така?-ù рече детето. -Мислиш дека така нестабилно газејќи
по земјата можеш да стигнеш до ѕвездите?
-Ама јас не сакам да стигнам до ѕвездите, јас сакам само да си се вртам и
да си гледам. Зошто ме удри? Сега ако ти го викнам брат ми?
-Не, немој да го викнеш брат ти! Ќе те научам да трчаш по облаци!
-Баатооо!!!-викна девојчето, а детето фати магла. Трчаше, трчаше, брцна во
носето, се сопна, падна на лактот, а прстето му се заглави во синусите.
Детето од мака, за малце ќе заплачеше, но мразеше сентименталности и
знаеше дека тоа е само за девојчиња, а и не е некој нерершлив проблем за
кој треба да плаче. Кога тогаш ќе си го извади прстето од нос. Се напна со
сета сила, го потегна прстето и го извлече сосе синуси. И како сега да си
ги стави синусите? За малце ќе заплачеше детето од мака, но знаеше дека
мрази сентименталности, а и тоа не е некој нерешлив проблем. Најде едно
стапче, си ги стави синусите во носот до каде што можеше да допре, го
брцна стапчето и проба да ги поднамести убаво шмркајќи, и му течеа солзи.
Не дека плачеше, мразеше сентименталности, а и скоро го реши проблемот,
туку од стапчето што си го брцаше во носот да си ги поднамести синусите.
Откако си ги намести, шмркна да види дали добро му функционираат; <Добро
е<-си помисли и го фрли стапчето, си ги избриша очите што му беа полни со
солзи, не дека плачеше-мразеше сентименталности, а и знаеше дека нема
нерешливи проблеми.
Немојте да му замерите за спорите брзоплетости, детето едноставно, не
знаеше да плете брзо.
Не му замерувајте за тажните приказни, едноставно не знаеше од каде ги
знае.
Не му замерувајте што му плесна шамар на девојчето, едноставно мислеше
дека е во право, затоа што тоа навистина знаеше да трча по облаци. Под
мишка секогаш си носеше едно зелено јаже, плетено од коноп, го вадеше, го
отплеткуваше, затоа што беше невнимателно и јажето секогаш му се
заплеткуваше во чворови. Откако ќе го отплеткаше јажето, врзуваше
обесувачки чвор и замавнуваше со сета сила со јажето вртејќи го над
главата, го фрлаше и тоа се закачуваше на некој од облаците. Од првин се
качуваше по јажето замотувајќи ги нозете околу него, се влечеше со рацете
нагоре, но така беше многу споро и заморно. Научи да се занишува силно,
откако виде некој циркузант како тоа го прави, се префрлуваше преку
атмосферата, и паѓаше одма изнад облаците. -Ууууууу!-Колку се радуваше
кога ќе го почуствуваше нежниот допир на облаците под табаните! Мораше да
гази многу внимателно, затоа што облаците постојано ги менуваа формите и
боите. Ретко имаше облаци што не се менуваат и тоа ги сакаше највеќе нив.
Понекогаш трчаше само по непроменливите облачиња, иако ги имаше многу
помалце. Се затрчуваше и ги прескокнуваше сите променливи, за да стапне
врз непроменливо облаче. Понекогаш стоеше и гледаше замислено како во
црвените коцки на земјата немаше непроменливо облаче. На земјата немаше
само црвени коцки, а и некои беа плукнати со шлајм, а некои кога ќе ги
згазнеш прскаа со вода и ги мокреа патиките, нив ги викаа стапици и мамки
за туристи. Највеќе ги сакаше црните дождовни облаци, што кога се удираа,
одекнуваше експлозија и пукаше гром што правеше лом на земјата. Сакаше да
научи како да нишани со громот, но му текна дека не е Зевс. Кога ќе
пораснам ќе бидам Амор-си рече-Не бе, Дионис поодобро,-а бе, тој е
пијандура-Амор е коркач. Погледна низ розевото облаче што личеше на ружа
по која лази полжав, кој кога виде женка полжав, почна да игра мамбо,
самба, ча-ча-ча, брејк-денс, се затрча и се лизна по ружата и за малку ќе
загинеше. Беше заслепен од љубовта, па не ги виде трњата-и виде колку е
светот голем, а луѓето се мали. Кога гледаше низ црните облачиња луѓето не
беа толку мали, а светот не беше многу голем.
-Некој облак почна да вришти! Детето ги затвори ушите со прсти. Облакот
вриштеше сè погласно и погласно, детето ги стискаше прстите сè подлабоко и
подлабоко, но никако не можеше да ги затвори доволно ушите, сè уште се
слушаше вриштењето. Облакот вриштеше: -Ме боли! Аааааааа!!! Облакот
вриштеше сè погласно и погласно:
-Ме боли уво за сè!
И детето си ги притискаше прстите, сè погласно вриштеше облакот и детето
цело време ги притискаше прстите, а не примети дека се претворило во облак
што вришти;
-Аааааааа!!!-викаше сè уште.
Тапанчето не можеше да го издржи притисокот и умре. Неговото срце престана
да бие;
-Аааааааа!!!-вриштеше детето или облачето-сèедно. Ме боли курац за сè.
-Иииии!-се сети детето-Што сум бе толку глупо? Го извади тапанчето од
левото уво, му даде вештачко дишење и си го врати назад со
стапчето-облаче. Си го извади десното тапанче, му даде вештачко дишење -
не оживеа, му направи масажа на срце - не оживеа, му даде електрошокови,
оживеа, но беше во кома. Мораше да му направи операција. Ја викна
докторката и ù рече:
-Сестро скалпел!-а она му вика-Не сум сестра, докторка сум.
-Добро де, сèедно.-ù одговори. -Дај ми скалпел.
-А анестезија?-му рече докторката. -Што ќе му е анестезија, во кома
е-одговори детето.
-У, да бе!-се сети докторката и се плесна по челото. Му го извади срцето и
му вгради друго - од мачка. Пет-шест дена после операцијата детето чекаше
да види дали тапанчето ќе се разбуди од кома. На крај тапанчето се разбуди
и детето го стави во увото со стапчето облаче. Сега во десното уво имаше
срце од мачка и девет животи. Детето рипкаше врз облачињата и престана да
бира врз кои облачиња ќе гази, си трчаше по сите и повеќе не вриштеше. Се
затрча силно, гледајќи во ѕвездите, отскокна кон ѕвездите и се претвори во
пареа. Тогаш викна:-Пуштете го металот да тече!- и се претвори во метал и
повторно паѓаше накај земјата, летајќи како астероид. Се проби низ
атмосферата и без да се стопи падна на земјата.
п:падот на
детето
-Врне, не, не, не врне, врне не
нè врне. Врне, не, не, не врне, врне, не, нè врне-си пееше детето, додека
паѓаше како метеор осветлувајќи ја атмосферата. Многу луѓе го видоа и си
замислија желби, но детето никако не можеше да им ги исполни, беше многу
мало, а преживуваше голем пад. -Врне, не, не, не врне, врне, не нè
врне-колку брзо летам! Види ги овие плави личат на око, зелени коцки,
црвени триаголници, четири бели магли на аглите од кругот и сива голема во
средината! -Од кај најде агли во кругот? -Па нема ат на око, ни зелени
триаголници или коцки, глупости; јас така си вообразувам, колку да не
мислам што ќе биде кога ќе се плеснам на земјата. Можеби ќе ги поместам
континентите, можеби ќе направам поплава што ќе потопи 70% од копното,
можеби ќе дигнам прашина што ќе го замрачи сонцето, можеби ќе паднам без
никој да примети. Не, некој мора да ме види, па види колку светам, не
можам да гледам во мене, ќе ослепам! А и морам силно да ги притискам ите,
ветрот ми удира во лицето толку силно што и! А и воздухот ме задушува!
Овде е многу жешко, би сакал да паднам во вода вака усвитено, колку би
било убаво! Кој ќе плива после до копното? А со овој залет ќе потонам
најмалце сто метри! Како ќе испливам после? Воздух да задржам повеќе од
една минута не можам, а да испливам ќе ми требаат шест саати, не баш шест,
можеби шест-седум, а можеби и помалце. Можеби некој делфин ќе дојде да
овек ќе ме извлече? Делфин да, човек не верувам. А што ако паднам во
некоја длабока шума, можеби Амазон, каде што има крокодили, пирани,разни
врсти птици, карпи, водопади, мутанти, парализирани орангутани, што се
борат за опстанок, забегани ат домородците дека Исус е најдобар? А што ако
домородците ме скршат од ќотек што сум им ги искршил дрвјата? А бе, ќе ме
скршат, како да не. Кога ќе видат како сум паднал, ќе ме земат, ќе ми
прават ритуална магија, ќе ме излепат со трева да зараснам побрзо и ќе
измислат митови и легенди за мене. А што ако паднам на асфалт? Ќе се
сплескам. е, забите ќе му ги скршам, после ќе си го земам како трофеј. Што
ќе ми е крокодил без заби, а и кој ќе го носи до дома. Ама добро ќе биде,
ѕидот ќе ми биде страшен, со алигатор на него. -Нели рокодил? -Добро де,
сеедно. Мора да ги отворам ите, да ѕирнам до каде сум. А и не е интересно
да и-си помисли детето. Ѕирна и пак ги затвори. Нема да паднам ниту во
вода, ниту во Амазон, нема ни на но, нема ниту огнот да ме стопи.
Елементите се дел од мене и ќе се претворам во што сакам. Ако сакам ќе
паднам како оган од небото и ќе ја запалам земјата, ако сакам ќе се
претворам во дожд и ќе ите.
е Орелот.
е детето и тажно воздивна.
ат солзи?-праша Орелот.
-Па, не знам, од ветрот-и проба да направи рамнодушно лице и го тргна
погледот на страна.
-Од каде паѓаш вака?-праша Орелот обидувајќи се да го раззбори детето.
-Па, од ѕвездите-одговори детето.
-Еее, и јас кога бев мало орле паѓав од карпите, но мајка ми ме наоѓаше и
ме враќаше во гнездото, ме научи да ги препознавам доброто и лошото и
сфатив дека нив ги нема. Можеби јадам помали птици и сум крал на облаците,
но знам кој ме сака, а кој се дружи со мене од стравопочит. Знам дека ти
ме сакаш, нели?
-Да-одговори детето-Од каде знаеш?
-Па имам добар вид-одговори Орелот.
-Можеби и ти си паѓало како мало орле, ги знаеш доброто и злото и знаеш
кој те сака, ама за крал на облаците ќе се прашаме!
ен. Јас само владеам таму каде што сум најјак.
овек па не се расправам, ние ќе се сакаме и ќе си иш ли да летам?
-Ќе те научам се што знам и ќе бидам вечно твој, ако го преживееш падот.
-Ќе го преживеам! А ти како ќе ме најдеш, немаш мој е детето.
-Не ми треба, ние орлите не користиме такви работи. Јас ќе бидам со тебе
секогаш, јас ќе бидам во тебе ам да леташ без никогаш да паднеш.
Ме теши-си помисли детето. -Кога-тогаш пак ќе паднам.
е орелот и си замина погледнувајќи, се обиде да етрсто, тристапедесет,
триста, двестапедесет, двесте, стопедесет, сто, педесет-БАП!
И се дигна прашина, го снема сонцето, континентите се поместија, водата го
покри 70% од копното, еволуцијата се врати билион години назад.Човештвото
го снема. Така му е кога дозволува дете да падне.
с:судбина
Па сум! -Па не сум! -Па
што ако сум? -Па што ако не сум? -Да бидеш! -Па што ако бидам? -Нема да
бидам шофер во некојси балон што вози посрани мајмуни, крадешкум што ораа,
копаа ниви и влегуваа во туѓата нива, а после газдата доаѓаше, се
расправаше-Олку имам јас, олку имаш ти, мајка ти те оставила, со друг маж
побегнала, а тебе те оставила на улица со опинци низ кои ти ѕиркаат
компирчиња, морковчиња, магдонос, морско оревче, ориз, малце брашно, сол,
црвен пипер и обавезно вагета.
-Да не заборави нешто?
-Заборавив да те треснам со мотика по главата свинска; ќе ù го извадиш
мозокот, ќе го направиш похован, а останатото со мирудиите и тристата чуда
ќе го испечеш во релна или фурна, ако имаш. Ќе го викнеш газдата на
најпознатата фирма за опинци во селото и ќе му направиш ѓезме и тој ќе ти
даде попуст 30%.
-Свинската глава е поскапа, јас немам за опинци, а камоли за свинска
глава. Да имав ќе ù ја одерев кожата и ќе си сошиев чичка нови опинци и
сите девојки во селото ќе ме сакаа, а ергените ќе ми љубомореа и ќе сакаа
да им бидам најдобар другар и ќе ми ги бараа опинците да ги поносат малце.
А ти што кур бараш во мојата нива? Пола метро си ми влегол, сакаш и лебот
да ми го земеш, а тука кобајаги ти било жал за моите опинци низ кои
ѕиркале разни слатки, суво грозје, баклави, систематски задачи, рибизли,
боровинки, сето тоа на куп го мешаш, правиш таратур, со мастика малце во
него, се насркуваш и кога ќе ù хукнеш на жена ти ќе те избрка од кревет,
ќе ти рече: <Пак си пиел бе будало! Земи си го син ти да си го чуваш, а
јас ќе си одам, ќе си најдам подобар од тебе, што ќе ми е таков
пијандура!- и ќе го снајде иста судбина како мене.
-Што бе! Жена ми не е како мајка ти, а јас не сум како татко ти, ќе ми
рече така, ама главата од ѕид, цел ѕид со флеки ќе го направи! После нека
писне!
-Ене ја жена ти иде со стап, а ти тука се расправаш! Што си се стресол
така, сега ќе ти каже убаво!
-Што ќе ми каже бе, стапот у гс ќе ù го набутам, само ептен срамота е да
ја тепам. Греота...жена. Чисти, пере, го чува син ми, а и добра е таа, не
е како другиве жени, таа е најубава, најдобра, највеќе ја сакам!-Еве за
тебе зборам!
-Ако те плеснам со стапов по глава ќе видиш убаво за мене! Ај трк дома, ќе
се разбереме таму. Ни си исчистил, ни си испрал, ни јадење си направил, а
овдека се расправаш со комшии, не можам да те приберам.
в:врапчето
витко
Чудни црвени работи, бели
баксузи сплетени во работна навика која што ползи во прашината наречена
првите сончеви зраци. Чудни жолти пеги на душата на човекот, зафрлени
бајонети-парче прават симболите на времето. Збрканите врапчиња пасат
трева, касаат големи птици, викаат, а децата си играат жмурка, ластик
играат девојчињата, таткото се стрча и го скрши од ќотек девојчето што
рипаше највисоко, врапчето се залета, му го извади окото и девојчето го
засака врапчето и му оставаше трошки на прозорецот. Си го завика Витко
Брборко, а врапчето ù раскажуваше приказни и кога некој ќе ја прашаше:-Од
каде знаеш?-она викаше:-Врапчето ми кажа. А тие не ù веруваа, си мислеа
дека е шпиунка на КГБ, иако не беше ни Русинка, ни па имаше нешто врска со
КГБ. Мајките прават нешто, дрдорат нешто дедовците, чекаат да умрат
двоглавите орли-збиени во храмот на неприродното човештво, одметнато од
природата, што не ги признаваше природните закони, без разлика дали
веруваа или не во своите глупости-тие насетуваа крај и бродот тонеше уште
пред да се дупне, па и да беше Титаник или некој друг надмоќен орел, тие
го гаѓаа со чатал-не плашејќи се од последиците на природните закони,
каскаа коњите грациозно, реметејќи ги првите издувни гасови наутро, пиеја
чај познатите тревари што ги нарекуваа билјари, обожаваа да се тркалаат по
планините надоле накај амбисот и да кочат пред да паднат. Ако сепак се
лизнеа и немаше некој кактус да се фатат за него, тие доброволно паѓаа и
не жалеа за тоа што останало позади првите автобуски станици скриени под
трафиките-што свиреа хари кришна, плукаа во вис и рипаа, со уста фаќајќи
го шлаемот уште во лет со светнати очи, затоа што мислеа дека после вакви
глупости се најдобри во градот на сенките према кои не чувствуваа ништо
нарочито и не се случуваше; а после им беше криво што некој наркос ги
маваше со камења и им ги земаше цигарите, бомбончињата, количките,
кондомите, чисто ради да ги дува и да ги полни со вода и учителките да ги
пизди со тоа што си играа на цицки федерите трчаа навака-натака независно
од цицките, ствараа нереди и отскокнувања од правните случаи, 96% од
луѓето сакаа 69, а не беа свесни за тоа, затоа што едни мисионери што
трчаа и викаа<Спаси ме, спаси ме!< така им рекоа, а овие им прднаа за
потврда. Радикалните странки радиоактивно, раднички-работнички поточно,
рапуваа на радио и држеа некои Рамонси за коса, што ретко ја чешлаа и имаа
гримаси како еден што зачудено стенкаше:<Што гомно ќе беше ова?< Вакво
нешто не сум јадел ни на сон-а камо ли запек, препек, двопек во затвор
каде што има сè што не чини и е страшно да се посереш во гаќи или
боксерици, а може и во танга, ако некои знаеа да играат, а не беа ни
Шпанци, ни се правеа Енглези, ниту имаа модрици по телата, ни па се чудеа
зошто немаа петарди за Нова Година. Не купиле леб, па сега децата се
гладни, не дека немаа, туку од мрза, а си мислеа мрзата е ѓавол, па се
воспитуваа патријархално, да не пцујат и да се срамат што се мрзи, а
патријархалното воспитување немаше никаква врска со сексот на врапчињата
што го направија врапчето што му го извади окото на таткото на девојчето,
што се викаше Витко, што р’мба како коњ за две-три трошки лебче на
прозорецот, што девојчето му ги даваше во замена за информации.