т:темплум |
октомври
Кругот беше затворен со години
и никој немаше доволно верба ниту доволно надеж да започне нова приказна.
Најмалку тој. Пијанистот Маносиевич. Чекаше барем на една искра која би
успеала да го потпали и онака заостанатиот и бајат барут. Состојба на умот
а не на телото. Измешани чувства. Имаше проблеми со дигање на адреналинот.
Нарушувањето кое го носеше со себе стана до таму неподносливо што го
спречуваше во компонирањето. Од денот кога го најде татка си мртов јамката
се посилно и посилно се стегаше. Го најде во својата омилена состојба со
неговиот омилен порок. Подоцна го убедуваа дека татко му не бил ништо
повеќе отколку само еден немоќен деструктивец кој изложен пред ударите на
светот секогаш се повлекувал во своето тивко дувло. Знаеше дека не е така.
Но сознанието за такавата негова потреба внесуваше необјаснива мачнина во
стомакот. Најмногу се плашеше да не заврши како него. Одтогаш престана да
верува или пак не наоѓаше ништо свето во работите коишто му се случуваа.
Долго време беше загледан во лицата на случајните минувачи и се чуствуваше
како да нив може да им верува потполно, многу повеќе отколку на оние што
ги познава толку долго време. Се наоѓаше во ситуација во која би можел да
му се предаде целосно на било кој, на целосен странец на секој кој би
успеал да го одвлечка далеку од себе си. Едно претпладне седеше на
тротоарот пред својата куќа и размислуваше за погребот. Мајка му.
Безизразни лица. Рацете на блиските роднини по неговата коса. Говорот на
свештеникот. За миг ги затвори очите и можеше да се префрли, да биде таму
меѓу толпата. Сликите беа пребрзи за да може да ги задржи за себе. Успеа
да украде само една, онаа со спуштање на ковчегот и неговиот плач врз
челото на татко му. Сето ова прелетуваше неповратно во тоа есенско
магновение. Денот беше дополу мртов кога тргна накај својот психијатар. Се
возеше полека во малиот автомобил и нестрпливо погледнуваше во браникот.
Времето повеќе не беше значајно но го правеше тоа од навика. Беше длабоко
заглавен. Повремено ги забележуваше стаклата на отворените дуќани и сите
тие хипнотизирачки блесоци кои му ги нудеа милионите огледала. Неговата
опседнатост го одведе до вакви дебилни состаноци но што можеше да се
прави. Излезот не беше ни од далеку на повидок. Помина низ првите два
блока и најпосле пристигна во нејзиниот кварт. Таа живееше во предградието
поточно во подобриот дел од градот. Се паркира пред нејзиниот влез и веќе
во следната секунда беше внатре. Лифтот не работеше а светлата беа
изгаснати. Навикнат на темното немаше некои проблеми при пронаоѓање на
нејзиниот стан. Становите изгледаа како безбројни катакомби на лавиринт во
кој длабоко беше закопана тајната на откровението. Заѕвони на нејзината
врата. Се викаше Софија. Држеше состаноци приватно и не беше дел од
никаква институција. Го понуди со кафе додека Маносиевич го соблакаше
својот костим и седнуваше на кожената фотелја. Беа присутни и некои други
луѓе кои потајно жмиркаа со нивните проникливи очи удобно сместени во
долго уредениот салон. Му објасни дека се поканети поради една заедничка
сеанса ако не му пречи. Маносиевич само одмавна со главата. Прилично
заебано а? Дел од таков ритуал во кој мора да се приложи нешто свое за да
се извлече нешто повеќе. Не познаваше никого од присутните но токму тоа го
возбудуваше. Беше тоа само круг на нереализирани луѓе. Ритуалот започна.
Првин својот недостаток го изнесуваше еден службеник во банка кој откако
открил дека жена му го изневерува со друга жена се сече себе си на било
кој дел од телото се со цел да лузните го потсеќаат на неговата негрижа.
-Не знаев дека толку и
значи...требаше да се грижам повеќе да и удоволувам но сега е предоцна.
Предоцна. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |