октомври
г:гацова криситна
г:големата коцка
Големата коцка стоеше на работ
од улицата и ги распоредуваше точките по својата површина
По една точка за секоја страна
Й се налути страната на која последна й додели точка, не сакаше повеќе со
неа да дружи
А останаа уште многу точки
На сите останати страни уште по една точка
Кутрата коцка мораше да внимава некоја од страните да не й се налути, а не
знаеше како – секогаш имаше прва и последна страна
Овој пат носот го крена страната лево од првата
Пак остануваа уште точки
По една точка за секоја страна
Се умори од тежината на другите страни, онаа што беше одоздола, не сакаше
да прима повеќе точки
Кутрата коцка
Секој ден истите главоболки, години со ред
Кога само еднаш би можела сите точки да ги струполи на една страна,
тие и создаваа толку многу грижи
По една . за секоја страна
Онаа одозгора рече дека имала доволно точки за сите свои агли и се затвори
во себе
Само уште ...
Една десно. Стоп, не играм веќе!
И две позади..
Ете конечно заврши
Сека ќе може спокојно да се тркала. .. ... .... ..... ......
„Но, не можам да се одлучам кога да сопрам
Прво луѓето се радуваа кога сопирав на страна со повеќе точки
Дуваа во мене, ме растресуваа, ме ставваа во пар со какви ли не коцки, се
тркалав по зелени, црвени, дрвени површини, и понекогаш велеа дека сум им
среќна коцка
Но, потоа престанаа да се радуваат на многуте точки, понекогаш сакаа само
една или две, а јас не знаев и се уште не знам што точно сакаат
И затоа не можам да се одлучам кога да се сопрам и од тогаш непрестојно се
тркалам
Чудни луѓе се луѓето“
п:приказна за
Малио Голем Дракула
Едншка ногу ногу ногу (и не баш
толку ногу де) одамна си живејал, или постојал, еден Мал Голем Дракула. Он
бил син на Малечкио Големичкио Дракулко и како тринајсто дракулченце добил
го наследното име од комшискио дедо.
Некогаш пред миљони, биљони, катаљони години овај Мал Голем Дракула бил
ногу среќен. Живејал си со своите 12 деца и 2,5 жени у својто кралство. Не
верувам дека можете да си замислете каков среќен живот живејал он! За
доручок имал сурово месо полиено со сос од свежа крв, за ручок исто така,
а и за вечера. Дено му бил испунет со подучување на младите надежи за
триковете на постојањето, а исто така обожавал гореспоменатите јадења сам
да ги праве. Бавил се и со научни истражувања и пишувал научни трудови на
тема “Класификација на крвта и крвнио сосирок“. По долгогодишна работа,
која го следела уше од дено на неговото постојање, проследена со големо
искуство, он, Малио Голем Дракула, заклучил, (со катанец калибар двајска)
дека најдобра, по укус, крв имат Луѓето. Неговото кралство изобилувало со
вакви суштества и он немал никакви проблеми, особено не со крвната слика.
Ама дојделе црни денови за црвеното кралство. У него почнале да се
доселуват некои вонземјани кои биле со срце два на два и душа три на
четири. Они ги заразиле со својта Хеппи-Лове болест сите суштества, дури и
Малио Голем Дракула почнал да покажува некои симптоми на Лове. Ама од
големо достоинство и гордост и малкучку нарцисоиднос он морал да се
контролира. Ама коа више не можел да му се спротиставе на искушението бил
принуден, сам од себе де, да се отселе од кралството.
И тугајка Малио Голем Дракула почнал да талка по свето. И талкал, талкал,
талкал и се’ наидувал на некои Хеппи светови кајшо, нормално, не бил
добродојден и, исто нормално, бил доброојден.
И оште талкал (пута пет) со својо караван и крвта почнала да му слабее. Па
јадел само замрзнато јадење, па у микробрановата и здравјето – чорба!
И тугајка, у тие очајни моменти, кај ќе најде спас ако не на... на.. на...
погодувате – на Земјата!!! Од поодалечку му се видела како црвенишкава
точка и тоа го привлечело. Коа се приближил – имало шо да виде – пекол за
душата (у рајско-дракулска смисла на зборо). Војнички, тепања, убивања на
секој чекор. Свежа крв насекаде. Поарно од овоа – здравје!
Така Малио Голем Дракула со својта фамилија и подалечните роднини и
скромната покуќнина од сервиз за ручавање се населил на Земјата.
И среќно си постојале...
Така они најделе спас на Земјата, а ние... под неа.
Ха Ха Ха :-[