т:темплум |
октомври
Крај огништето на двете, чиниш
прастари, фотејли, внатре во облакот густ чад, седеа двајца заборавени херои, двајцата оскудни со страст, но пребогати со мудрост. Седеа и размислуваа.
И двајцата имаа чаша чилеанско младо вино, со етикета дека е француско.
Уживаа во мирната атмосфера, во тивкото пукотење на огнот.
Воздухот стануваше се потежок. Не можев да вдишам длабоко низ носните празнини. Стануваше се потопло. Не си ги слушав очајните извици по воздух. Но ги чувствував. Градите тешко се тресеа. Излегов во ходникот набрзина. Се измив со шишето потпрено до шолјата и пак се обидов. Сега со устата. Вдишав, силно како да е последниот чист здив на планетава. Ми олекна. Опуштен се обидов пак. Пак не можев. Пак паника. Се погледнав на огледалото. Очите ми беа бели но лицето црвено, па дури и помодрено. Излегов на терасата. Воздух. Сега пак ќе се обидам. Пак не можев. Ни со устата. Полека, си велам. Полека вдишував како болесник што го ранат со лажица. Кислородот го примав на рати. Почекав и повторно се обидов. Сега вдишав длабоко. Се опуштив. Погледнав накај собата. Се загушувам гледајќи го тоа мало собче. Нечисто и непроветрено. Повторно зедов воздух, сега пополека. Поминува полека. Морам да гокупам тој вентолински инхалатор. Или ќе си поминам некој ден. Најтешката смрт е смртта од најголемиот страв. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |