т:темплум  

 

октомври
п:
павлова слободанка

 

 

i:i find no peace (Мабел)

Веќе дваесет и седум година Мабел живееше во најбучната зграда. Станот беше со поглед накај главната улица, па по цел ден и поголемиот дел од ноќта слушаше само брчење од возилата. На празниот простор пред зградата имаше наместено лулки на кои децата ретко не беа присутни. Понекогаш помислуваше дека ѕидовите на зградата се празни или становите се поделени со картонски кутии. Секогаш знаеше кога комшијата добива смс, кога кива, кога пушта вода во тоалетот, која музика ја слуша....
Веќе дваесет и седум години се надеваше дека некако ќе се навикне на ова, па нема да мора да учи после дванаесет, кога нема толку автомобили, кога децата се веќе заспани. Се обиде и со памук во ушите, ништо посебно не му помогна, ги слушаше истите работи малку потивко. Се обиде со жалби до полицијата, не доби ништо освен чудни погледи од соседите кои биле предупредени.
Работеше во продуцентска куќа и по десет часа на ден снимаше придружни вокали и ги прикачуваше на песната, компонираше музика, се расправаше со пејачите кои понекогаш беа толку мрзливи што ќе ја испееја песната само еднаш и заминуваа од студиото оставајќи му нему да ја исполира за да звучи премногу добро. Еден од нив дури и правеше паузи после секоја строфа, а Мабел требаше да ги состави строфите и да не се забележува никаква пауза во песната. И се јави на сестра му за да му донесе кафе и почна со работа. Ги спои првата строфа со рефренот кога погледна во мобилниот и забележа дека има неколку пропуштени повици. Му беше малку чудно што не го слушнал додека ѕвонел. Помисли дека можеби засвонил додека музиката била многу гласна. По некое време слушна тропање на вратата. Отвори и се изненади кога сестра му му кажа дека веќе три пати доаѓа за да му го донесе кафето, а тој не ја отворил вратата иако било сосема тивко кога тропала.
Ја пушти песната која требаше да ја состави и продолжи со работата. Почна да врне. Дождот секогаш го нервираше. Не му пречеше ни малку кога ќе се вратеше целиот накиснат, со кал до половина нoгавици, колку што му пречеше кога ќе го разбудат капките што паѓаат врз прозорецот. Тогаш посакуваше да е барем малку глув и да може да спие, а кога врнеше, спиењето беше MISSION IMPOSSIBLE. Стигна до делот без музика ,а тој не ги слушна капките. Ја пушти песната тивко и ги слушна, потоа пак стигна до друг дел без музика, а пак не го слушаше дождот. Чудно,помисли. Зошто овојпат не слуша ништо?! Пушти музика, а капките почнаа да тропаат на стаклото. Тогаш се сети. Тишината е погласна од дождот! Почека да престане дождот, да заспијат децата, да престанат автомобилите да брчат и почна да снима. Ја снимаше тишината два часа пред повторно да започне вревата, единствените два тивки часа од денот... и заспа.
Се разбуди по некое време кога ги слушна соседите како трчаат по скалите да не задоцнат на работа. Го пушти системот. Го стави cd-то со тишината и ја пушти на vol 30. Не ги слушаше забрзаните чекори, не ги слушеше децата како се довикуваат покрај лулашките, не слушна ниеден автомобил, читаше книга без некоја викотница да му го одвлече вниманието. Влезе сестра му и се обидуваше нешто да му каже, но ни тој ни таа не го слушаа гласот. Настана хаос во целата зграда, тишината беше толку гласна што сите помислија дека оглувеле преку ноќ. Уште поголем хаос настана кога сфатија дека не слушаат само кога се дома или во близина на зградата. Кога ќе се оддалечеа, се беше нормално. Почнаа да веруваат дека се опседнати, дека зградата им е проколната, некои веднаш се одселија, некои побараа помош од психијатар. Ниту крстот ниту психијатарот не им помогнаа. За три недели се испразни целата зграда. Се отселија сите. Сите освен Мабел. Сега уживаше во своето дело. Веќе неколку недели спиеше по повеќе од десет часа на ден, што се немаше случено дваесет и седум години. Кога ќе се разбудеше не ни помислуваше да отиде на работа, зарем да премине од тишината во сета онаа бучава? По некое време доби писмо со кое сопственикот на продуцентската куќа му соопштува дека е отпуштен, две недели се немал појавено на работа без да се јави. На незадоволните муштерии им здосади уште да чекаат и ги раскинаа сите договори, што некaко го најави и крајот на постоењето на оваа куќа. По три дена ја затворија. Прочита многу книги, изгледа и многу филмови и документарни емисии. Сакаше со некого да разговара за она што прочитал или видел, сите беа далеку. Се сети како порано читаа истовремено една книга со сестра му а потоа бучно дискутираа за карактерите. Секогаш имаа спротиставени мислења и различни омилени ликови. Полека почна да му недостига трескањето на вратата по кое знаеше дека таа доаѓа во неговата соба. Почна да му недостига смеата на децата по која знаеше дека татко му се враќа од работа. Татко му беше омилен помеѓу нив зошто секогаш знаеше како да ги насмее или да им покаже некоја нова игра. Му недостигаше долгото ѕвонење на соседот со кој заедно работеа на песните. Сега очајно сакаше да го слушне звукот на глупавите шпански серии кои мајка му ги гледаше, а тој ги сметаше за премногу лигави приказни со лесно предвидлив крај. Му недостигаа луѓето кои го вознемируваа, му недостигаше вревата која ја мразеше. Го исклучи системот. Не слушна ништо. Излезе од собата. Како луд трчаше низ скалите барајќи некој со кој може да разговара. Ѕвонеше од стан во стан, трчаше околу зградата, низ улицата, се обидуваше да разговара со непознатите кои ги сретна кога се оддлалечи од зградата. Никој не му поверува кога им кажуваше од каде доаѓа. Почувствува удар по главата и падна....
Кога се разбуди не знаеше каде се наоѓа ниту пак како стигнал таму. Не можеше да ги мрда рацете од кошулата. Полека се сети на се. Слушаше викотници од соседните соби, слушаше непрекинато трчање на докторите кои се обидуваа да ги смират другите пациенти. Го слушаше гласот не некоја жена која или пееше или спиеше. И овојпат собата беше со поглед накај главната улица, само што сега тоа го израдува. Слушна како докторот и кажува на мајка му дека ќе остане тука се додека ги кажува оние луди приказни за снимката со тишината. Го извади од џебот cd - то со снимката, го изгреба од решетките на прозорецот и реши никогаш да не престане да ја раскажува приказната.



 

ќ:ќе погодиш ли која сум ако ми го прочиташ дневникот?

Септември. Ден ни малку поладен од вчерашниот. Крајно време беше летото веќе да заврши. Сакав снег и џемпери. Низ стаклото се изгледаше сино и премногу светло, а јас седев во темната соба веќе пет недели и по три, а некогаш и четири часа на ден гледав во синилото. Не можев да го најдам излезот. Имав слушнато дека на некои со слична приказна на мојата им била потребна цела година пред се да заврши. Многу пати помислував да се откажам, не можев. Самата се вовлеков во тоа. Чекам. Утрово една дваесетгодишна девојка се породи. Ќе почекам детето малку да порасне. Ако испадне добро ке добијам и 100 долари за него, а таа ќе роди уште многу, да соберам повеќе пари. Морав да соберам околу 20 000 долари за да купам лекови против заразата која се пренесуваше од една на друга. Неколку послаби, оние кои раѓаа најмногу и од кои собрав пари за да купам други, умреа. Лековите ми беа потребни за да им се подобри здравјето на останатите. Понекогаш успевав, но кога малку ќе ми се одвлечеше вниманието од нив, или кога ке заборавев да ги видам неколку часа, времето како да течеше двапати побрзо и здравјето набрзо им се влошуваше. Потоа морав да купувам витамини од 140 долари, за кои продавав две дваесетгодишни.

Октомври. Се подобрија малку условите и гледајќи во синилото, очекував набрзо да се породат. Очајно ми требаа пари. Колку пати само помислував да прекинам со се. Да го избришам синилото од стаклото. Тоа ме натера да си легнувам во три или четири наутро, иако знаев дека од осум имам предавања и треба рано да станам. Скоро никогаш не бев спремна за предавањата. Конечно пронајдов златен рудник. Почнаа да се раѓаат бебиња со сини очи и црвено-кафена коса кои достигнаа цена и до 200 долари. Започнав со нивно масовно производство. Купив уште една слична соба. Наскоро и таа стана пренатрупана, во секоја од собите чував и по дваесет од нив. Кога ќе почуствував дека насоро ќе стане пренатрупано или дека во собата ќе се изродат толку многу деца што ќе нема доволно простор за сите, започнував со продажбата. И покрај високата цена, веднаш се продаваа. Наскоро купив нови фаци за да произведам други, поскапи бебиња. Чекав. Се родија со нежно здравје. Само шест часа заборавив да ги нахранам, надевајќи се дека нема да огладнат. Здравјето им се влошило преку ноќ. Наредното утро се разбудив половина час подоцна. Алармот не ми ѕвонеше во осум и триесет како што го наместив претходната вечер. Го отворив телефонот и видов дека сум го наместила алармот да ѕвони во дванаесет и четириесет и осум. Сеуште не знам како. Веднаш погледнав во синилото. Шест часа биле премногу. Нивната и онака лоша здравствена состојба се влошила преку ноќта. Кога влегов во нивната соба, ги најдов умрени. Не се изнервирав. Имав уште многу пари и можев повторно да купам од новите видови од кои ќе бидат создадени уште поскапи бебиња. Продадов седумнаесет од оние со црвено- кафена коса и сини очи. Сега имав можност да ги подобрам условите во собите. За некое време, повеќето од бебињата беа во подобра состојба. Нестрпливо чекав да пораснат, за да можам да ја одредам нивната цена. По два месеци веќе ми здодеа оваа игра која ми го одземаше целото време и ги уништив собите заедно се се во нив.

Ноември. Веќе два месеца по ред го пуштам компјутерот веднаш штом ќе се разбудам. Во септември симанав неколку игри од yahoo, само што повеќето можев да ги играм само по еден час, а некои продолжуваа по пет минути откако ќе завршеше тој еден час пробна верзија. Веќе два месеца ја играм Fish tycoon. Ми кажаа дека некои ја играле и по цела година се додека ги пронајдат седумте исчезнати риби. Во синиот аквариум вкрстував многу видови и добивав различни хибриди. Некои се продаваа евтино, а оние со портокалово-кафеав труп и сини перки достигнаа цена и до сто долари. Купив други јајца за кои беше потребна екстра грижа и повеќе витамини од 140 долари за да преживеат. Ги положив во водата ама рибите кои ги добив умреа зошто една вечер заборавив да ја исклучам играта. Многу ми беше гајле за нив, сеуште можев да продавам од портокалово-кафените риби и да купам нови јајца. По два месеца ми здосади оваа игра кој ми го одземаше целото време. Ја избришав.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања












































































































































































 

  д:дома