2007:октомври/ноември
општ
конкурс
г:гошевски душко
и:интересен
расказ
Сосем
случајно и несакајќи се најдов на една од оние средби на стари познајници
на кои се прераскажуваат ,,случки,, од старите денови. Сите заедно
евоцираа спомени, прераскажуваа една , па друга
па трета ситуација, меѓусебно надополнувајќи ги деталите што ги пропуштаа.
На крајот на секоја приказна се констатираше колку сме биле луди, откачени
и .т.н.По завршувањето имаше пауза од неколку секунди и најбрбливиот или
оној со најдобра меморија за вакви настани ( а најчесто тоа е еден ист)
започнуваше ново, одново.
Некоја мачнина ме стегаше во долниот дел од стомавот со секоја нова
реченица за ,,големите лудории,, кои најчесто го прераскажуваа – во тоа
време неми посматрачи. Никој не го забележување моето посветено молчење,
сите беа окупирани или со зборување или со мислење на некоја заборавена.
Интензитетот и гласноста на музиката се зголеми но тоа не им пречеше на
моите соборци, тие одговорија пропорционално. Одвреме навреме ќе поминече
некој од старото јато, па со дофрлување и извици се оздравуваа иако до
вчера а веројатно и од утре единствениот контакт им е кога ќе се исчешеа
едни од други. Се шувствував како во лош амерички филм од осумдесеттите.
Пробав на двапати да го свртам муабетот. Првиот пат за спорт, вториот за
музика. Неуспешно.Кога и третиот пат не успеав, и тоа со најсилниот адут –
политиката, помислив дека оваа вечер нема да заврши.
Секако имаше неколку интересни моменти но од оваа перспектива ми личеа на
издишан балон, на изгазена чанта. Попусто се концентрирав на неколкуте
песни на Џо Кокер, танкиот грачлив глас на Славето ја уништуваше утешната
награда. Помислив да си одам. Токму во тој миг, ни порано ни подоцна, туку
во тој даден момент надвор се истури. А јас бев пешак. А баронот со кој
дојдов беше еден од главните учесници во неколкуте настани кои следеа на
репертоарот.
Тури се носеа, масата се полнеше и празнеше единственото ебаната тема не
се исврпуваше, бунар без дно во кој тонев цела вечер.
Немаше ниту една позната маса, ниту една гума за спасување наокулу.
Потпрен, забележав дека сите се свртени кон мене.
А? – праша Тоде. Бевме седуммина и освен јас и баронот сите беа полетарци,
ебиветри со кој се немав видено неколку години. кај се насукаа овде се
чудев.
- Ти ли беше?
- Шо е бе Тоде?
- Ти ли и ја стави чавката на столот таа по француски? – смеа
- Не. – се свртеа. Мислеа.
- Не бе ти беше- настојуваше Тоде.
Не не бев јас да ве ебам и гавраните мислев да кажам. Сепак:
- Не бев, се кладиме? – и се откачи некако темата. На ред дојде
матурската. Не можев повеќе и седнав на шанкот. Сам. Запалив една и
пиуцкав капучино,чекав да пројде времето.
Не се случи ништо интересно до крајот, како ни пред тоа.Само сакав оваа
меланхолија, оваа агонија да ја поделам со некого и да му предизвикам
барем половина од мачнината и досадата што јас ја почувствував.
м:мамурлак
Сега
приметив дека сериозно се занимавам со пишување само кога поради тешки
будалаштини и ненадминливи глупирања, самопрогонет се затворам во мојата
соба. Натежнуваат сеќавањата и при раскревањето
на маглата, се давам во сопствениот срам.
Несредени хаотични мисли кои слајдуваат во мојата глава никако не се
отстрануваат. Мачнината во душата е се поголема, се посилна. По илјада
зошто и ни едно затоа доаѓам до психолошкиот зенит на самокритика и презир
кон она што сум.
Не се ни осмелувам да излезам, ниту ме интересира погледот што го нуди
прозорецот. Бедноста на овие часови што траат со денови е најголема
внатрешна болка под услов животот да е здодевем и безгрижен. Боли секаде а
најмногу во умот и совеста.
Да можам да сликам совеста би си ја насликал како темна провалија полна
кал, гној и црви.Пробав да ја исчистам. Попусто.
Не успеаја ни Набоков, Џојс, Кафка. Можеби
Уелбек и Буковски загребаа малку под површината.
Не успеаја ни Nightwish, U2, Cocer. Moжеби малку Рамштајн.
Дури по неколку дена доаѓа до некакво проветрување, некоја фаза на
самооправдување и потрага по утеха во бедноста не другите.
А дотогаш пишувам...
к:крик
прашање
Има ли
некој?
------------------------
Има лиии?
-----------------------
Уште еднаш прашувам има ли некој кој не се замислува дека е со натпросечна
интелигенција, паметен и одговорен, спремен водач?
-----------------------
Има ли некој кој ете ќе признае дека има слабости и маани?
------------------------
Има ли некој кој не ги знае одговорите на сите прашања?
-----------------------
Има ли некој кој не знае како да не извади од сопствените лајна?
-------------------------
Има ли некој кој не е доволно образован и стручен за местото кое го
завзема?
-----------------------
Има ли некој, барем еден?
-----------------------
Несовршен?
-------------------
А?
--------------------
Аман луѓе, еден?
---------------------------------
Добро барем помогнете ми мене, посоветувајте ме како да се снaјдам, шо да
направам?
...нњдљвоциреохјгиоиољ3риљњејхиох*&‘%%&’“%‘фф‘т&&т&‘*
„у(у)*„&)*(&)дј)(*њус*)*„*)(*(*)(„‘%%&„ес„рф%‘сф„%&ре&‘р„‘
сгкухњхкјхд&“„ѕ&*„тѕе&„&*е%„гскњхдкхг„“&*те„‘*егсѕњљгск
њг&*„тед&*„е*„т&*т&*стгиуњљхгдуиудијњфчкеофињопиуе()
„*упеињхјндфуихњуифхух„ијхеи„у*&“%е‘рњ%фд“т&*е‘„(*&ѕ*
дхњхјдхњоѕе&“„‘&*др&“уу„“иоѕе*фѕхуњег*„&%„е*тсѕгњуидфу
оњо&рф*оу„оихуњхд(&*њ„ѕтд&њѕи...
t:time-out
Беше
магливо, ужасно студено.еден од оние неочекувани денови кои поради моето
кревко здравје, редовно кога и да наминеа ја казнуваа мојата неспремност.
Бев во центарот без можност за брзо враќање во домот. Стратегијата ,,влези
- излези,, низ продавниците не ми ја даваа потребната топлина, морав да се
тргнам некаде. Моите двеста и седумдесет денари на неколкупати ја
одложуваа мојата одлука но кога престанав да ги чувствувам прстите на
нозете колку можев побрзо се втурнав во омиlleниот кафе-бар.
Не знам што ме згреа побрзо.Топлината од силнонавалениот камин или благите
звуци на Ахмад Џамал. Стоев некое време насладувајќи се на атмосферата.
Момент на задоволство што ги избриша моите сивотемни слики од поразениот
град, грдите изрази на лицата кои ги среќавам, кои не ме познаваат, кои ни
самите не се познаваат. Од оној хаос кој го оставив еден бесконечен метар
зад мене, сега ме штитеше Колман. Можеби сум пристрасен но мислам дека
најсреќните лица ги гледам токму во овој локал. Чисти моќни несовршени
лица кои оддаваат благост и пријатност. Во моментов беа три.Понекогаш се
помалку.
Седнав наспроти прозорот, сакав да им се потсмевам на минувачите. Да се
восхитувам на студот кој ги стегаше нивните тела, нивните студени срца.
како што е студена и мојата пакосна душа од ден на ден се потемна и
помрачна. Мојата искривена совест повеѓе не препознава добрина во овие
луѓе.
- Повелете? - ах еве една пријатна личност.
- Еспресо и чај - одговарам сепнувајќи се.Размислував меѓу двете опции, а
не двете заедно.Брза кучка…
- Чај од? - таа е толку пријатна.Ќе ги порачам и двете, нема назад.
- Од што имате?
- Имаме од камилица, планински, нане, кантариот, праска, круша, јаболко,
јаболко со цимет...
- Јаболко со цимет без еспресо.-
Од полицата на шанкот зедов дневен весник, почнав да се занимавам со него.
Луѓето читачи се делат на две групи. Оние кои почнуваат да читат од првата
и оние кои почнуваат да читат од последната страна. Јас ја сочинував
третата група. Почнував од КУЛТУРА.Ќе поминев преку содржините и потоа од
почеток. Штом ќе стигнев до рубриката ја прескокнував и ја оставав за
крај. Како сладок десерт.
- Извинете жал ми е. Немаме јаболко со цимет.Може само јаболко.
- Во тој случај еспресо.
Стигна. Рацете се уште ми трепереа и правев доста напори да не тропкам со
филџанот по стаклената маса.
Запалив.
- Извинете , се пуши на спротивната страна. На оние четири - би можел да
се преместам само поради таа слатка насмевка.
- Само една ќе палам.
- Во ред. Извинете уште еднаш, не е до нас. Знаете закон е.
- Фала и на вас не е проблем. - прекинавме со испреплетениот дијалог, се
вратив на кафето и весникот.
Наеднаш ме преплави некој неоснован оптимизам, ми навираа релаксирања и
среќни мисли. За патувањето дома во петок, за положениот испит пред една
недела, за удобниот стол во кој седам.
- Повелете?
- Шток.
Запалив уште една. Ова веќе наликуваше на нешто. Замижував додека голтав и
многу бргу во чашата остана една мала голтка кафеава течност која едвај го
прекриваше дното.
- Уште една и да платам.
Ми останаа уште шеесет денари но тоа воопшто не ме вознемируваше. Сега
седев и гледав во врволицата од луѓе кои им бегаа на првите капки дожд.
Мала промена во расположението внесе фактот што штокот беше осумдесет, а
јас имав шеесет. Но кога се сака се се може.
- Извинете колку ви е узото.
- Педесет.
- Ај едно.
Купив дваесет минутно уживање соостанатите педесет денари и сега
дефинитивно беше крај.
Мајлс Дејвис ме испрати до вратата.Ја отворив со страв, зачекорив како да
влегувам во друга димензија. Безмалку тоа и беше. Силен ветар проструи
околу ушите, малку ми го одзеде здивот. Тргнав низ влажните улици, минував
низ колони топли автомобили со мислите во раскрсница меѓу топлиот џез-клуб
и уште потоплиот кревет, далеку зад станбените блокови.