т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


m:morphine








 

г:градот на иднината

Влеговме во една чудна, полу-осветлена просторија во којашто имаше минимум, запурничав воздух. Луѓето беа испоседнати во круг на подот и тивко разговараа. Постојано бев разбудуван од здодевната старица и нејзиниот липтеж предизвикан од сонот за нејзината младост. Сега од ова временска дистанца звучи сосема неверојатно како дури успеав во тој мрак да ги забележам двајцата господини кои седеа спроти нас и кои се расправаа околу добивањето на подоброто место на патување, она до прозорецот. И двајцата на главите носеа долги шапки во вид на цилиндар. Претпоставував дека беа Англичани. Тоа засекогаш ќе ми остане тајна. Едниот од нив, оној постариот ги исправуваше рабовите на весникот додека другиот постојано фрлаше некаква паричка во воздухот и слободно ми ги читаше мислите. Смешно е тоа, кога знаете дека некој може да го предвиди секое ваше движење, секоја ваша реакција, во такви ситуации најмалку што може да очекувате е да бидете прекорени или пак охрабрени. Патувавме со денови. Од прозорецот се редеа безимени земји и безимени градови. Бели кадри на побегнатото сонце. Уште едно Индијанско лето беше пред нас. Боси луѓе кои растеа на сенчестите долини. Периоди на поројни дождови и месеци на целосна суша. Караванот продолжуваше понатаму во сивата и бескрајна ноќ. Звукот на тропотот кој се создаваше од тешките тркала ме намамуваше кон пареата и примракот. Липтежот на старицата конечно стивнуваше. Ко да се приближувавме до некоја шума. Нивните очи во мракот изгледаа ко илјада светлечки запалки. Сите посакаа да го видат. Завесите се развлекуваа долж огромниот океан. Изгледаше прекрасно, удавен во целата своја утопичност. Еден од Англичаните (оној кој ми ги читаше мислите) беше станат и ми ја галеше косата. Некој го запали светлото. Моите очи гледаа длабоко во мене.
 





 

м:мис стоун

Програмот веќе беше вклучен неколку часа пред дочекување на новиот милениум. Стан во Нов Белград. Во таа соба бевме со денови и изгледаше ко да чекаме нешто. Знам дека само јас излегував да проверам нешто и повторно се враќав назад. Можеби така се најдов себеси. Во земјата на продолжената ноќ. Ноќите беа проголтувани од деновите и обратно. Времето остануваше компресирано од својата вообичаена протекливост. Миговите се редеа наназад на лента која некаде го имаше загубено својот почеток и својот крај. На мониторот одеа некакви животни – Discovery chanel.

,,Откриено е полесен начин за уловување на тигровите и лавовите а тоа е дека тие се враќаат секогаш на она место кое го имаат запаметено само по едно единствено нешто а тоа е убавинатаÂ

Тоа е светот од којшто се откажав. Знаеш, кога ќе пронајдеш некаков вид на пријателство добиваш зуење дека си го пронашол вистинското нешто и дека конечно некаде припаѓаш. Но тоа е само минлив бран. Кога еднаш ќе го допреш дното знаеш дека неможеш да одиш подолу. Постои одредена интимност која ја споделуваш со оние кои се подготвени да ја достигнат далечината. За останатите кои не се, таквото прогонувачко чувство станува нивна опседнатост рече Мис Стоун. Никогаш не ме гледаше во очи. Облечен само по пењоар секогаш зборуваше споро и неодреденоста на движењето на неговата рака го правеше се поинтересен за слушање. Веќе подолго време беше навлечен ,,на жица". Се плашев дека од тоа станува помалку параноичен. Погрешно си ме сфатил паранојата само по себе е реалност на една повисока степен. Не беше некаков си спид-фрик како што беше Океанот ниту пак си играше со звучните слики како останатите порно-манијаци. Не, тој тоа го правеше од забава барем еднаш месечно и снимката остануваше да бледее цел месец за да го пукаат флешови колку добро си поминал последниот пат. Сето тоа го правеше среќен. Сите бевме тука за да го пробаме ,,новото" нешто за кое Мис Стоун не убедуваше дека е најдоброто кое се појавило на пазарот. Ова е нешто сосема поинакво, подобро од било што претходно. Купуваш искуства, плеерот го добил од некој тип кој порано бил полицаец за наркотици но му здодеала работата и сега дила снимки. Можеш да бидеш се она кое не си можел некогаш да бидеш, да се тушираш со осумнаесетгодишна девојка, да бидеш жена замисли го тоа, да бидеш во можност да го почуствуваш сето она коешто тие го чувствуваат. Ебен Дедо Мраз на потсвесното. Трансформатор до разводните табли на човечките души. Сега засега е само достапно за high-level society круговите додека типот за којшто ти зборував вечерва треба да ми донесе неколку нови снимки. Сепак е ова Балкан, недоумици, пороци, тв дневник. Плеерот е во вид на пајак во кој ја пушташ снимката и преку неа се пренесуваат електроди до ќелиите на твојот мозок. Каква адреналинска инјекција човече, каков angel dust сето тоа е минато. Време е за нови нешта. Зборуваше како некој си ебен политичар или такво нешто. Новиот свет со себе носи и нови волшебства. Сакаш да знаеш како знам дека се наближува крај на светот. Секоја фризура е измислена, секоја музика е создадена, секој вид на дрога е испробана. Нема ништо повеќе таму, се испукавме, ја убивме возбудата, следно нешто е дека ќе се разбудиме во своите доцни четириесетти подуени и здебелени како повраќаме пред портите на рајот. Готово е. Ние сме само сенки на некои дамнешни идеали. Скривајќи се од светлината на денот под своите темни очила. Океанот веќе беше во својот последователен серијал, со една рака ги бојодисуваше сите стакла од прозорците во станот а со другата бараше некаков тел.број од некаква си такси компанија. Набргу целиот стан беше прекриен во чудесна темно-виолетова нијанса. Тој никогаш не пушташе снимки, не ги сакаше сите тие нови срања, можеби беше старомоден во тој поглед.

-АЛо..!! Ало!!! (беше проклето возбуден). Едно такси ве молам на ... Еј како е името на улицава? ДОСИТИЕВА. Доситиева ќе ве молам..
- Извините господине ви сте на мобилан или на фиксан?
-НАФИКСАН, (не го зборуваше добро српскиот) слушај бејби ја ќе бидам на што ја сакам да бидам и ако сакаш да знаеш не сум нафиксан туку напушен. Подоцна се смееше со саати, и се така додека не ги извртеше сите такси компании во Белград а ги имаше многу.

Во аголот на шанкот две голи девојки тонеа во својот психоделичен танц. Хипнотизирачките звуци допираа до таванот и во спирали се одбиваа од подот. Спиди и Човекот-минус се вртеа околу музиката и магичните билки кои ги донесе Господин Флоријан. Тоа беше негова специјалност, инаку во слободно време работеше на берзата. Секогаш доаѓаше со својата кожна актовка незаборавајќи ги своите манири. Ги сакаше животните посебно летечките змаеви. Таа вечер нив ги пушташе Капетан Америка. Тука беше и Кнегињата Љубица, таа беше задолжена за бонбоните. Рингишпилот беше подготвен да се испроба. Сите места беа зафатени. Мис Стоун се почуствува гладен. Зеде една од крем-бонбоните на Кнегињата, најпрвин направи горчлива гримаса небаре му се слошило додека подоцна низ лицето му се развлече голема насмевка. Потпевнуваше A, B, C, D, авиони. …Cao baloni jer ste se NADUVALI jer bilo dobro ko juce..!!Направи еден круг околу станот. Ги помина трите кловна. Цела вечер тие си подаваа едно зелено топче и на оној на кој ќе му паднеше го пукаа со лажни пиштоли. Обоен ДИЗНИЛЕНД. Тој се трипаше дека сакаат да го убијат. Сето тоа чекање на снимките видно го измори. Типот го немаше а тој стануваше се понервозен.

- Дали некад си го гледал Needle park со Ал Пачино?
- Не никад, зашто?
- Би требало обавезно некад да го погледнеш, страшен филм, сниман пред овој да стане голема ѕверка.

Понекогаш ги разбирам оние кои бегаат. Посебно викенд-птиците. Иако и тоа знае да стане опасно, така почнува се. Градејќи го својот сопствен приватен пекол. Тула по тула без да забележиш. Но, подобро ќе биде да се скриеш и и да се тргнеш настрана, зашто кога си мал и многу млад може и така да се избега. Ја само седев и го слушав внимателно неразбирајќи ни збор од она за коешто зборува. Типот конечно се појави. На себе имаше сиви фармерки, избледена винд-јакна, и маица од Мики Маус. Од мракот успеав да ги забележам неговите подуени амфетамински ноздри и ситните очи кои успешно ги скриваше зад црното капче. Ми личеше на Хју Хефнер. Проговори нешто со Стоун, подоцна овој извлече нешто од своите ногавици, ги подигна своите црвени стартки и ги разменија работите. Не знам од каде Стоун наоѓаше кеш за снимките но искрено не ни сакав да дознаам. Ја затвори вратата. Ова е типот за којшто ти кажував. Класичен снаф-манијак. Се пали на болни работи. Ги снима додека ги убива, а најболно во сето тоа е што тие добиваат представа дека самите си го прават тоа. Разбираш, вистински го доживуваат својот страв. Болен перверзник. Пренесувањето набргу започна. Беше подобро од билошто што имав пробано дотогаш. Некако пореално. Наспроти мене седеше Стоун и сите луѓе кои беа на забавата, но неможев јасно да им ги видам лицата на сите. Подот беше горе а таванот долу. Зад мене стоеа трите кловна. Животните се растргаа меѓу себеси. Мојот инсерт беше поврзан со некој тип кој си го одземаше животот од некоја зграда. Неговиот пад и бол беа повторувани во симултани интервали. Зениците на Стоун се затемнуваа а неговите реченици доаѓаа од далеку. Како да патуваа низ некој долг ходник. Моето тело го напушташе местото додека тој продолжуваше да разговара, зборуваше со мојата сенка од вчера.
 






 

п:писма

Драг Господине,

Наоѓам писма од Бог испуштени на улица. Не знам но претпоставувам дека тоа е негов ракопис и се потпишани во Негово име. Имињата на кои овие писма се адресирани ми се сосема непознати. Секогаш завиткани во дебел превез и сместени во светкави сини коверти. Никогаш не ми се случило да прочитам некое туѓу писмо, дури и кога љубопитноста стануваше неиздржлива. Се плашам дека на тој начин ќе изменам значаен дел од нивниот живот. Ги чувам во внатрешниот џеб од моето палто верувајќи дека некогаш ќе ги сретнам овие луѓе и ќе им го вратам она коешто им припаѓа. Но, еве со години како ги добивам овие писма и сеуште не сум сретнал ниту еден човек за да си позборувам со него и да му кажам за нив. Изгледа дека на луѓето им здодеало да ги слушаат или пак едноставно не им се потребни Неговите зборови. Целиот стан ми е исполнет со нив, започнав да ги ставам во големи вреќи а за оние кои нема место во станот ги складирам во старите ковчези на таванот. Се надевам дека ова мое писмо ќе успее да стигне на вистинското место, зашто ти си единствениот на кој по толку изминати години му го пишувам ова. Можеби самиот во тие натрупани купишта ќе го пронајдеш своето писмо. На мене не ми преостанува ништо друго освен да чекорам низ улиците на овој сонлив град со надеж дека еден ден на едно од писмата ќе го прочитам сопственото име.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































































































































































 

  д:дома