т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


q:queen andreena








 

к:колективно распаѓање

Добредојдовте во Скопје!

Куќа на мртвите. Некрополис.

Преполно со црни врани и розови машнички.
Преполно со лоши коњаци и дреч кармини.
Преполно со заспани убавици и разбудени грдосии.

Ги навлекувам патиките, го префрлам капутот преку мене, ги закопувам очите длабоко во лицето, и излегувам на полу-дождот. Не ми сметаат различно издлабените лица кои ме одминуваат... ме прободуваат со фузија од мириси. Цветни, потни, човечни и нечовечни, брзаат покрај мене, брзаат да се закопаат себеси во свежиот гроб.

Гробарот стои со едната нога на гробот, со лопатата на рамо, со цигара помеѓу сувите усни и распаднатите заби, и со полу-замижан поглед го очекува сопственикот на гробот.

- Ајде бе, до кога ќе те чекам! Најдобро да одам на спиење па да луташ низ маглата цела вечер...

И мртвиот дотрчува, гробот е отворен, тој влегува внатре и почнува весело да цврцори со остатокот од своите мртви другарчиња. Тоа е ноќта на неговиот (не)живот, иста како и сите други, и тој заспива во својот обезсонет сон, со најслатката насмевка на лицето.

Кастрација на животот. Поволно. Отсекување на било каков ентузијазам и иницијатива. Ќе ви остане едно големо мртво парченце месо, висејќи за спомен, направено од сивило и есенски дождови.

Скопје. Хомогено соединение составено од кладилници. Америка се претвара во огромен Старбакс? Балканот се претвара во огромна, селска, кладилница. Преполна со избезумени луѓе, неколку зелени екрани, замајани погледи и еден голем шалтер со мрсна тетка позади, зафатена со броењето пари. И постојана циркулација на бес.

И вие сте исти. Дури и јас. Мртва, но незакопана. Бирам да лутам. Да не се враќам во својот гроб. Бирам да мрчам за се' кое претставува рефлексија на болка и празнина, замаскирана со насмевка и шарена реклама. Бирам да сонувам. Бирам да направам избор кој не постои. Не е проблем, го измислувам. Врз моето издлабено име на надгробната плоча небото плаче, се распарува, лисјата паѓаат и ме чекаат, но јас не се враќам. Талкам со засушени солзи на лицето.

Јас одбрав... одбрав да живеам. Но не сум месија. Незнам како да ве спасам. Незнам како да воскреснам.
А ако научам, ќе талкам сама. Можеби жива, но осамена - ќе талкам низ бескрајните гробишта, ќе го слушам цврцорењето од земјата, и сепак ништо нема да се смени. Соништата се исти, изборите се исти.

Само времето се менува.

Најчесто врне. А тогаш уличките на градот се најубави. Светат портокалово. Сте приметиле?

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































 

  д:дома