т:темплум |
ноември (позади сцената на еден
патувачки циркус) Ја знам живее одспротива. Во
модерната висококатница на десетти. Иако никогаш немам директно зборувано
со неа ја имам видено неколку пати во супермаркетот. Не ме прашувајте за
името. Не сум добар со имиња со лица уште помалку. За сето тоа е виновна
мојата болест. Не знам дали ви имам кажано, но на дваесет и три години
заедно со девојка ми доживеав тешка сообраќајна несреќа и ја закачив оваа
амнезија на грбот. Работата е во тоа што паметам се до несреќата а наваму
ништо. Не можам да бележам нови сеќавања. ^исто е ко празна табла. Како
милиони збиени црни дупки. Повеќето од вас би сакале да ја имаат ваквата
болест но верувајте ми не е пријатно. Ништо не можам да задржам за себе,
сето тоа избледува и секогаш го земам за измислица. Ко спуштање на некоја
мемлива магла врз мене. Купишта наредени пластови. И самите знаете какви
се скопските магли густи и сиви како застоен лепак. Редовно одам на
терапии и докторот нон-стоп ме убедува дека станува збор само за делумна
амнезија дека е прашање на време кога целосно ќе си го вратам сеќавањето.
При самата помисла на тоа се чувствувам некако изгубен, постојат нешта на
кои одбивам да се сетам. Се обидувам да му докажам на докторот дека
ходникот по кој јас чекорам другите го одбегнуваат или пак едноставно не
сакаат да влезат во него. Постои нешто на самиот влез кое не им дава до
крај да ја испочитуваат својата намера. Но сето тоа е безначајно мене
нешто друго ме загрижува, а тоа се сомневањата на луѓето во
веродостојноста на мојата совест. Имено полни се со изговори дека таква
госпоѓа не постои и дека мојата опседнатост со неа е плод на моите пијани
фантазии. Малодушни озборувачи. Вистина е дека по малку почнав да пијам но
со сигурност можам да вe уверам дека нејзиното постоење не треба да биде
доведено во прашање. Таа постои. Залудни се нивните напори да ми докажат
дека тоа се само мои неврзани реченици и дека таа е привид на мојата
поранешна девојка. Не се сеќавам дека некогаш сум имал девојка а Вие? Не
можам а и не сакам да зборувам за нешто на кое не се сеќавам. За да си ја
олеснам работата околу запомнувањето се служев со секакви финти фаќав
белешки, го забележував местото, времето, описите на личностите, називите
на улиците и сл. Нотесот секогаш го чував во внатрешниот дел од капутот.
Тоа беше единствениот начин на кој можев да се справам со подмолните. Во
него е сместена целата моја меморија. Не можам ни да замислам што би се
случило кога би ми го украле или кога би го загубил. Тој е се што имам
нему единствено му верувам. Затоа веднаш се спротиставив на нивните
проѕирни ставови околу тоа дека високатницата има само девет а не десет
ката. Во нотесот јасно пишува ДЕСЕТ КАТА и толку. Тоа ми е повеќе од
доволно за потврда на нивните лаги. Додека ги прелистувам неговите
страници последно ново нешто што излезе е дека прозорецот од мојата бања е
наполно свртен кон прозорецот од нејзината спална соба. Обично ја гледам
ноќе седнат на шолјата. Ги трга завесите и проверува дали има заклучено,
клучот го остава покрај нејзиниот дождовен мантил, чадорот и големата
црвена шапка. Има убави нозе. Излегува околу девет наутро. Надвор е
облачен стуштен ден, доцна есенски. Доаѓа до малата телефонска говорница
која се наоѓа веднаш до пекарницата, се јавува на некои чудни броеви,
разговара кратко, купува леб и си оди. За да се уверам потполно во
нејзиниот идентитет се решив на поподробно истражување. По враќање од една
моја терапија незабележано влегов внатре и почнав да се распрашувам.
Особено интересен беше одговорот на домарот- станот е празен, веќе со
години никој тука не живее. Откако почина една млада девојка никој не сака
да се всели. Нејзините родители си заминаа многу одамна. Неговиот одговор
беше кажан со доза на несигурност па се убедив дека мора лично самиот тоа
да го проверам. Додека се искачував нагоре по скалите, низ тесните ходници
се ширеше мирис на штотуку испечен леб. Стигнав до последниот кат
девееттиии. Не ова не е возможно мора да постои барем уште еден кат.
Последните скалила водеа до поткровјето. Се вратив назад да го побарам
домарот. Го немаше. Вратите од другите станови не се отвараа. Попусто
ѕвонев. Забележав дека во ова мое напуштање на станот распоредот на моите
кошули и книги е сосема превртен некој нешто барал меѓу работите. Нема
никакви знаци на пробивање, никаков натрапник. Но што би сакал некој да
земе од мене. Единствено нешто што можам да му понудам е скршено сеќавање
и параноичен ум. Не знам на кого би му било тоа потребно. Бев во тотална
недоумица. Госпоѓата ја немаше неколку дена по ред. Заклучив дека со
нејзиното пронаоѓање би успеал некако да ја оправдам својата здрава
психичка состојба вака не можам ни натаму ни наваму. Безизлез. Пополека
почнав да се откажувам кога одеднаш ја здогледав како се шета со неколкуте
свои пси поминувајќи крај контејнерите и малите лимени трафики и како
лесно се губи зад следниот свиок. Го наметнав капутот и истрчав надвор.
Беше недостапна. Секогаш чекор пред мене. Не помага ниту трчањето. Се
гушам и го губам здивот. Ќе има уште некоја шанса се тешам. Поминаа
неколку непреспиени ноќи. Втората шанса пристигна кога во бањата се бричев
подготвувајќи се за излегување. Овој пат натоварена со две огромни црни
торби ко снаодлив шверцер на поминување граница се шмугна низ вратата.
Поитав да ја стасам. При поминување на улицата го избегнав црвениот
занесен автобус но не внимавав кога од другата страна со голема брзина се
движеше црн спортски автомобил. Се сеќавам на чкрипењето на гумите, чад и
удар. Паѓање. Долга анестезија. Пред заспивањето гледам бледо лице
спружено веднаш до моето како се губи во недоглед. На татко ми Веќе две недели по ред на мојата нова адреса помеѓу другата пошта стигнува и една сосема оби~на кутија. Отпрвин помислив дека при преселувањето сум заборавил нешто па моите претходни газди сега уредно ми го враќаат назад. Но не беше така. На никого немам кажано каде живеам. Ниту на моите дома. Како и да е, содржината на црвената кутија не е толку интересна како што претпоставував. Првото нешто коешто пристигна беше све~ен црн фустан. Проѕирен. Безволно го измеркав и го фрлив во првиот агол кој го здогледав. Од по~етокот не и обрнував толку внимание мислејќи дека некој упорно го греши името на улицата и градот. Во позадина на карти~ката немаше никаков потпис, пе~ат или сли~но. Сега на подот имав цела колекција на непотребни предмети. Песо~ен ~асовник, ~околадни бонбони, козмети~ки производи и шарена керами~ка вазна. Бев целосно заборавил на неа а таа и понатаму се појавуваше со што работите стануваа се побројни и побројни. Испраќа~от сеуште беше непознат. Иако однадвор изгледав прили~но смирено потајно посакував да дознам кој ми ги испраќа овие несоодветни подароци. Со нетрпение го о~екував нејзиното следно пристигнување. Една ве~ер додека индиферентно зјапав ту во телевизорот ту во накривените канделабри сетив не~ии брзи ~екори како се приближуваат до влезот. Поштарот? Но тој секогаш ѕвони два пати или не? На прагот откако ја отворив вратата, лежеше завиткана во црвена хартија мала картонска кутија. Од доставува~от ни трага. Ја внесов внатре и набрзина ја одвиткав. Карти~ката беше попрскана со женски парфем и на неа со големи букви во нејасен ракопис пишувашеÂТОА Е ТВОЈАТА НЕВОЛЈА". Хмм зна~и станува збор за жена. Со нив барем е полесно си помислив. Имав среќа што не се работи за некаков импотентен или пак измамен маж. Тие се најлоши. Бесполезни беа ноќните прошетки или пак моите ис~екувања близу дворот. Ги замолував дури и соседите да ми пријават ако забележале нешто необи~но за време на моите излегувања од дома по некоја работа. Го алармирав скоро секого од маало. Целата потрага се сведуваше на големи претпоставки, можности за тоа кој би можел да го направи тоа. И тука завршуваше се. Од сите познаници не ми паѓаше на ум ниту еден кој би бил до таа мера дрзок. О~игледно дека во прашање беше некаква невкусна шега. Љубопитно ги запрашував колегите, роднините и секој кој на некаков на~ин ми се видел сомнителен, перверзен или манијакален. Секој кој го немам видено одамна или пак поминало многу време откако за последен пат имам зборувано со него. Никого не го интересираше таквата појава. Лежев така неколку дена хиберниран и коне~но решив да преземам нешто. Отидов по одговори во најблиската пошта. Вработениот таму службеник ми објасни дека тие се само посредници во целата работа и дека увид во доверливите податоци има само главната пошта. Ми го даде нивниот телефонскиот број и спомена дека доколку на кутијата не постои никаква поштенска марка тогаш во тој слу~ај дури и тие се немоќни и не би можеле да му влезат во трага на анонимниот испраќа~. Неговото образложение се состоеше во тоа дека на поштенските марки се испишани јасно ис~итливи кодови кои укажуваат то~но на местото од каде што е пратен пакетот. Му се заблагодарив и си заминав. Кога пристигнав дома се прифатив за телефонот и по~нав со нивно барање. Ја откинав марки~ката и свртев. Длабоко бев убеден да го пронајдам оној кој си поигрува со мојата приватност. Човекот од другата страна ми ре~е да при~екам неколку секунди. Му кажав за проблемот и му ги про~итав бројките. Постојано во врската имаше потешкотии и сигналот се прекинуваше. На крај се изгуби целосно. Ја спуштив слушалката. Се обидов повторно. Линијата овој пат беше зафатена. Бев толку блиску. Агонијата продолжуваше. При вртењето назад забележав дека на креветот покрај зелениот орман се наоѓаше веќе познатата кутија. Не, ох не, стигнала пак. Да ти се плукнам во изопа~еното хоби. Зедов ја раскинав на пола и го извадив писмото од внатре. Истиот ракопис. Само сега со нежен кармин беше испишано ÂСЕТО ОНА КОЕ МИ ГО НЕМАШ ДАДЕНО". Одеднаш ми стана јасно дека услугите на поштата повеќе не ми се потребни. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |