т:темплум  

 

ноември
д:
десоски стевчо



г:години: 22
desoski.stevco@yahoo.com




 

ч:човечка заслепеност

Се прашувам кој е тој суд
Што ја одредува судбината на човекот
Па така пресудил да шетам како будала
И јас сум човек од крв и месо


I

Бев среќно дете. Живеев со мајка ми, која многу ме сакаше. како самохрана мајка се бореше за мене да не бидам скратен ни од облека, ни од јадење, ниту пак од џепарлак. Чивеевме хармонично. Мајка ми работеше во работилница за слатки и добиваше добра плата од која за себе не оставаше ни денар. Цела плата одеше за храна и за мене. Еднаш, се сеќавам, само од една плата не добив ништо од тоа што ми припаѓаше, а ми припаѓаше многу. Добив многу мал џепарлак затоа што мајка ми се пријави да бидеме домаќини во еден манастир, каде домаќинот е задолжен да даде ручек за гостите кои ќе дојдат на манстирот. Такви се обичаите во цела наша држава.

Се сеќавам тогаш беше празникот св. Илија, познатиот државен и верски празник. Додека се купуваше зајрето за да се носи во манастирот и таму да се подготви јадењето за гостите, јас цело време бев лут И на никого не му зборував. Знаев дека тој месец нема да добијам голем џепарлак, а тоа за мене беше трагедија. Парите некако магично ме исполнуваа. Целиот свет ми беше виновен. Сите ги мразев. Ги презирав. Не зборував ни со мајка ми, која во моменти на духовна исполнетост не го забележуваше моето глупаво однесување. Кога ја забележа таја моја подујаност,се најде повредена. Имаше доволно проблеми над глава, па најмалку ù требаше ова што го правев јас. Криво ми беше што ја нервирав, но цврсто си стоев на своето.

Вечерта пред празникот ù кажав на мајка ми дека не одам на манастир, дека не сакам да ја видам повеќе И дека нема повеќе да ù прозборам. Во тој момент го видов запрепастеното лице на мајка ми, која не го очекуваше тоа мое однесување, најмалку сега целата работа се прави за здравје и со чиста мисла. Седна до мене на каучот со насолзени очи и болка во погледот и почна да ме гали по главата. Ми објаснуваше како само овој месец ќе бидам скратен од џепарлакоти дека другиот месец ќе имам повеќе пари за трошење. Најмалку сакав да го слушам овој жолчен говор, но го слушав. Не знам зошто...можеби беше пресудна љубовта која извираше од неа кон мене и обратно.

Така утредента заминав на манстирне многу расположен . Сè уште бев по малку надујан. Празникот го поминав летаргично. Ми беше најлошиот ден и месец во моето доцно детство. Но сè помина како ветер и остана само сеќавањето.

II

Откако помина случкава, на која многу добро се сеќавам, сè се врати по старо. Поминаа пет-шест години. Здравјето на мајка ми полека почна да попушта. Почна да слабее, ја болеше телото, ја изгуби физичката кондиција. Од ден на ден сè повеќе снеможуваше. Зеде отсуство од работа, со надеж дека набргу ќе оздравее, па да се врати пак за неполн месец. И повторно ќе заработува. Но не се покажа така. Секој ден беше полош од претходниот, имаше силни, неиздржливи болки. Сè почесто доаѓаа кај нас дома доктори и ù даваа лекови и ињекции за смирување на болките. Беше тоа тешко да се гледа и да се издржи. Имав само шеснаесет години кога почнав да земам лекови за смирување на нервите. Бев страшно погоден. Да ја гледаш сопствената мајка, неподвижна, ослабена како костур, како секој момент може да замине од овој свет - за кого розов за кого црн...неподнослив...вистина беше неподносливо. Не можев да сфатам како може судбината така немилосрдно да си игра и со мене и со мајка ми. Тие четири-пет месеци не помислував на мојот џепарлак. Ништо од материјална страна не ме интересираше. само се молев за здравјето на мојата најмила...и овде завршуваат зборовите зашто не постои збор со кој можам да ја опишам. Додека боледуваше дома живеевме од некој скромен надоместок од социјалното осигурување.

Еден ден таа доби неподносливи болки и мораше да замине во болница. Престојот таму чинеше и дома моравме да ја трошиме нејзината заштеда, кога заработуваше доволно за моите потреби. Се сеќавам еден ден отидов да ја посетам во болница. Во болничката соба мајка ми ме пречека со солзи во очите. Кога седнав на креветот, ,и падна тешко и јас почнав да плачам. Почна да ме гали по главата и цело време незапирливо плачеше. Со последните сили, низ липање кое не престануваше, се обидуваше да ме утеши. ми зборуваше како за мене и понатаму продолжува животот. Не треба да се нервирам. Да останам и понатаму цврст и храбар. Овие зборови ме наежија по нејзиното заминување од овој свет. Не можев да престанам да плачам. Во тие моменти изговорив некои зборови, кои не знам ни сега зошто сум ги кажал. Можеби со желба да ја утешам. Ги кажав најглупавите зборови на светот. Ги избришав солзите и ù реков: “Мамо, зошто не си дојдиш дома? Зошто залудно да ги трошиш парите во болница?” тогаш ја добив најжешката шлаканица во животот. Ме избркаа од собата.

III

После овој настан, во кој длабоко ја повредив мајка ми, тешко се созедов. Тој испад, кој не знам од каде долета во моите мисли, ми направи тектонски поместувања во главата. Кога стигнав дома, неизмерно се каев. Не можев да си објаснам - јас ли зборував или ѓаволот зборувал за мене. од тој ден потонав во себе. Не зборував со баба ми која почесто идеше кај нас откако мајка ми се разболе. Никој не знаеше каква грешка сум направил. Не сакав никој да дознае каков сум станал. Се срамев од самиот себе. Се молев на Господ за покајание но не знам колку ми успеа. Сакав да ù се извинам и на мајка ми но немав храброст да излезам пред нејзиниот мил поглед.

Сето тоа остана само желба за прошка од мајка ми. Никогаш не собрав храброст да ù се извинам в лице на личноста која целиот свој живот се жртвуваше за мене и само за мене. поминаа два дена. Ја донесоа во безнадежна состојба. Деновите ù беа изброени. Нејблиските од фамилијата почесто доаѓаа. Чекаа да ù се скратат маките. Баба ми и останатите роднини почнаа, малку по малку, да ги прибираат основните работи за погребот. Ми беше тешко оти не ù се извинив, но сега беше доцна. Таа цело време беше во бессознание. Деновите кога се подготвуваа основните работи за погреб, дојде книговодителот од фирмата кај што работеше мајка ми. Тој разговараше со баба ми, а јас целиот се претворив во уво. Го слушнав целиот разговор. Покрај големата жалост која ја искажа книговодителот, тој ù соопшти на баба ми дека по смртта на мајка ми мене ме следува прилично голема сума која ја доделува центарот за пензиско и инвалидско. По разговорот се повлеков во една од собите и се заклучив. Не знам зошто се чувствував поопуштено и светот ми изгледаше убав и едноставен.легнав на кревет се покрив и рацете ги ставив зад тилот. Сиот исполент се пулев, бесцелно, во таванот. Исвесно време не размислував за ништо, но по некое време почнаа да ми провејуваат најразлични мисли, како краткометражно филмче, но ништо кобно не највуваа. Една од последните мисли ми беше: “КОЛКУ ПРЕКРАСНО - ДА ПОЧИНИ МАЈКА МИ ЌЕ ИМАМ ПАРИ И СÈ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД!”. Но филмот траеше кратко. Се се тив што размислувам. Се обвинував како можам да помислам такво нешто. почнав да се каам, како и минатиот пат. Но сега беше доцна. Само се наежив и почнав да се смеам...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



























































































































 

  д:дома