т:темплум  

 

ноември
e
:
enita




 

п:празен стан

Празен стан, јас во него. Сама. Неумешни, но со напор набоени слики ја разбиваат монотонијата на белите ѕидови. Мрак. Ни шум ни човечки глас од надвор. Само вознемирена кучка со лаеж и разбеснето лутање го крши мојот мир. Километри оддалеченост стојат меѓу мене и познатите: луѓе, згради, па дури и канделабри. Само небото и светлата дамка на него ја предизвикуваат онаа сосема кратка и слаба по интензитет, за да се забележи, радост на препознавање, на нешто веќе перцепирано, на сигурност...
Овој град е толку осамен, во него нема луѓе, или бар луѓе кои можат да се видат, уште помалку да се доживеат...
Тука балконите се празни, ноќе и дење. Тука улиците се полни со моторни возила, а тие се ладни и опасни! Тука си сам. Бар јас, оваа ноќ!
...На масата светлината од пладневното сонце открива пепелник со 17 отпушоци. И едно тегле со засушен малмалад во него. И јас, со лице потонато во меката перница, со капаци на очите кои тешко се отвараат.
Повторно нема луѓе- улиците ечат од моторното режење на запците. Има прозорци по зградите, украсени со чипкани завеси, но балконите се празни.
Околни пазари, продавници, нема...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

  д:дома