т:темплум  

 

ноември
г:
голаков костадин





 

п:десет (лекции за самоубиство)

Лекција 1: Кога веќе си се решил на ваков потег, од тебе познати причини, најдобро ти е да го сториш тоа.

Лекција 2: Повторувањето е мајка на знаењето.

Останатите 8 лекции нема потреба да ти ги објаснувам, зашто знаеш дека слабите ученици никогаш не можат да ги научат сите лекции одеднаш. Впрочем, за мртвите секогаш сé најдобро се зборува.




 

д:двојник

Во 11:29 започнав да го пишувам овој расказ. На другиот крај на светот, токму тогаш ти се разбуди. Додека го пиеше твоето кафе, јас веќе имав испиено две. Две кафиња и не се мала работа. Знам дека сакаш да пиеш кафе. Многу. Знам и дека сакаш да ме имитираш. Во сî. И да признаам, многу добро го правиш тоа. да не бев јас, ќе речев тоа е многу оригинално, дури и подобро од мене. Од твојот оригинал.




 

и:интермецо

Уморна си. Знам. Го видов тоа во твоите очи. Не ти е лесно. И мене ми беше исто така пред три години. Улогите се сменија. Не по моја волја. Не по твоја волја. Филмот не е завршен. Сî уште. Кога ќе заврши, ќе дознаеш по тоа што на крајот главните улоги нема да ги носат нашите имиња. Ќе бидат нечии други имиња, со нашите презимиња. Дотогаш легни си и поспиј. Барем до крајот на филмот. Мене и онака нема да ми пречи. Јас повеќе сакам да гледам интермецо.
 



 

м:мирис

Со мојот другар Оливер одиме со малку побрз чекор. Не дека е повисок од мене. Јас имам долг чекор. Професионална деформација, од пред неколку години. Од едни планини. Без врвови. Без имиња. Без луѓе на кои би сакал да се сетам. Само мирисот не можам да го заборавам никако. Не сакам да си го исечам носот. Без носот не би можел да го чувствувам мирисот на едни планини. Без врвови. Без имиња.



 

н:навика

Навикнат сум пред легнување да си речам во себе дека утре ќе биде подобро. Се будам. Ненаспан. Си ги тријам очите. Одам во бањата. Лицето е истото. Имам навика да му се насмеам на огледалото. Тоа се лаже секое утро дека ќе види ново лице. Тие што се лажат себе се ништо друго освен безнадежен случај...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





















































 

  д:дома