т:темплум  

 

ноември
г:
гошевски душко


г:години: 23
п:професија/интереси: студент
web strana www.dulevarvar.blogspot.com

duskogosevski@yahoo.com


к:контроверзниот писател

20.10.2011 година.
Во еден од најтиражните француски весници Le x :


Контроверзниот писател Бродан Дјуков кој е попознат по бесните журки и љубовните интриги , одколку по неговото творештво ја одби годинешната покана за членство во жирито.На нашето прашање околу причините тој ни испрати краток расказ кој го објавуваме овде:

Не сум силен , не сум фраер. Не не сум. Не сум ни богат, не сум се уште, не сум ни рогат. За да сум рогат треба и да има некоја рогопоклоница. Не не сум ниту едно од тие нешто но ги напоменувам како битни за овој текст. Многумина почнуваат со есенските лисја, снегулките, капките…
Не би сакал да го префрлам товарот, товарот на душата врз вас.Пишувам за ситуации кои не можете да ги разберете потполно. Ја знаете мојата биографија од четириесеттата наваму. Другата не сум ја откривал. Не сакам да ги откривам гнасните и грозоморните настани кои ги претрпе овој скотски живот.Живот пребогат со неморал и суровост, живот кој копнее за убавина и нежност.Доколку ме видите мене ,доколку ги видите моите несиметрични црти, груби раце,расипани заби, вдлабнати очи, леле леле… Последното што ќе го помислите е дека на овој човек му треба нежност. Затоа и не ја добив.А целиот живот се трудев.
Пораснав кај роднини. Дали се грижеа за мене?Не се грижеа ни за своите деца, за мене воопшто.Детство како детство. Шалабајзери и игранки, девојките ме одбегнуваа, за курвите немав пари. Добро се наоѓаше нешто, Цинко и Владо ми редеа. Се срамев одпочеток.Се срамев на килавоста, се срамев на неспособноста. Имаше една навистина несимпатична , море грда, грдосија невидена.И таа ме одби. Што си замислуваше не знам но не ја невредив. Ама Владо ја распука од срам. Нема да ги пренесам неговите коментари. А ќе ја земев за жена. Ќе ја земев, не ни размислував.. Сакав да створам фамилија, да се тргнам од патиштата.Секоја вечер на пругата. Ми скурчи.
Се школував до средина. Писмен и голем, силен во рацете се вработив во фабрика. Во фабрика добро ми одеше, а и нешто чепкав на нива.Вадев нешто кромид. Имав една нива наследство од чичко, за која сите со се братучедите едногласно ми ја подарија.Потоа и јас се преселив во село близу нивата. Бев во околината на градот и патував на работа. Беше тивко и мирно,имав и пријатели но нешто недостасуваше. Имаше стари моми во селото кои по секоја цена сакаа да се омажат.По огласи , телефони , врски пријателста панично бараа мажи. Беа десеттина.Сите ги понудив.Сите ги одбија.
Поминаа две- три години. Во селската библиотека наидов на доста книги.Околу две илјади.Сега друштво ми правеа книгите.На Христо ќерката му ја вратија. Мажот ја начекал со некој и ја утепал од ќотек.Потоа и татко и.Ја побарав за жена.Ме одбија едногласно со мајка и.
- Ако е оставена не е саката.- не знам што мислеа со тоа
Дојдоа избори.Во фабриката некоја чудна и напната атмосфера. Ме повикаа кај директорот.Крај него уште двајца што првпат ги видов таму.
- Види вака Бродане Ние сакаме да гласаш за нашата христијанско – работничка партија. Знаеш дека ако победат оние од социјалистичколибералната лошо ни се пишува.
- Нема проблем шефе. Знаеш дека сум за вас. – одговорив а и навистина мислев да го гласам директорот.
- Да да , но ние мораме да бидеме сигурни.- рече директорот
- Затоа ќе мора да се заколнеш.Заколни се во децата. – студено рече едниот од нив, без да му се мрдне ниту еден мускул на лицето.
Неколку секунди стоев, фрапиран.Нешто пукна во мене.
- Жими децата – реков и брзо излегов, не можејќи да си ги задржам солзите.Немам деца морону костумисан. Камо да ги имав. По мене влегуваше Виктор.Тој имаше две девојчиња.
Поминаа уште две години. Ме отпуштија од фабриката.Сум бил вишок. Почнав да чкрткам нешто. Пишував песни. Тоа го открив еден ден кога Ѓургица , девојчето на Лидија и на Васил дојде кај мене и ме замоли да и напишам нешто за некаков конкурс. Подоцна победи на конкурсот, но кога ја разбраа од дома дека тајно идела кај мене и забранија.И забранија да ми зборува повеќе , а мене Васил и уште двајца ме прекршија од ќотек кај продавницата. Имав фрактура на десното раме и неколку модрици.Ме нарекуваа и со еден погрден збор кој не сакам да го напоменувам. Но почнав да пишувам.Најпрво за мене, а подоцна и за едно списание.
Успесите во книжевноста беа речиси целосно покриени со неуспесите во љубовта, во среќата, во животот.
Имав четириесет и две години кога ме повикаа во Марсеј. Сакаа да се договориме да ги издадат моите разкази во збирка, и да потпишам нов договор, за роман. Инаку расказите дотогаш ги издавав во неколку списанија овде.Се договоривме веднаш, сумата беше преголема. Десет илјади евра аванс, уште дваесет по издавањето, и по десет на секои продадени педесет илјади примероци Жените уште ме мразеа.
Поминаа четири години од издавањето на мојот прв роман, го издадов и вториот, го подготвувам третиот. Живеам на југот на Франција, жените уште не ме сакаат, но сепак се љубезни. Се тешам со Буковски.И тој ги добил најубавите жени, но добил и љубов во есента.по педесеттата. Добив четири предбрачни договори, односно понуди за брак. Ги одбив. Си одам дома на секои четири месеци, купувам , ги купувам нашите како луд и се враќам.Притоа не заборавам да ги навредам, ги кубам, ги пцујам а тие мислат дека тоа е дел од сексот. Повеќе уживам во омалуважувањето отколку во сексот. Многу од нив ми велат дека сум психопат. Си го продава телото , а мене ми вели дека не сум во ред.Јас никогаш не би го продал моето тело
Денес. Добив покана да сум член на жирито на изборот на медитеранска убавица. Жените уште не ме сакаат...


р:разговор со Хесе

Ако некој мисли дека ја користам писателската звучност се лаже.Сакам да му поставам неколку прашања. Прашања на кој морам да најдам одговори .Потребни ми се .Најпрво размислував за суровата судбина што временски не разделила мене и овој писател. Но реално размислив и сватив дека дури и потешко е денес да ги поставам овие прашања ( а и да најдам одговори) од именуваниот писател и дека ова е можеби најдобриот начин. Пријателе ( може да те викам пријателе зарем не?) ке се обидам да поразговарам со тебе иако мојата маленкост не соодветствува со твојот интелект и големина.
Да започнеме од почеток пријателе. Велиш ,,Парите не се ништо, моќта не е ништо,,
Не знам за твоето време драг мој пријателе но вредностите и значењето на животот се изменети.Што беше во твоето време цел во животот? Дозволи да погодувам. Кај уметниците и просветителите беше зборувањето француски јазик како начин да се избегнат нискодостоинствениците. Денес имаме универзален јазик и не можеме да се препознаеме дури и во крајната селекција ( кај латинскиот) затоа што е искоренет како подземно растение.
Можеби кралскиот род и сината крв? Не не пријателе тоа исчезнуваше уште во твое време , можеби додека ја пишуваше прекрасната поезија за Елизабет.Светот го изгуби уметничкиот дух , ги изгуби оние кои ја лечеа човековата душа, ги изгуби оние кои го крепеа духот на животот.Сега се е во моќта и парите пријателе.Јас знам дека парите немат вредност , дека моќта е проклетство измислено од сатаната, негов личен производ, но во ова време се помалку сме оние кои го разбираме ова. Ќе те разочарам пријателе но по стапалата на моќта , по оние проколнати зли стапала, тргна твојата сорта мој најдраг учителе ( ти ми ја отвори книгата на животот). По тие стапала тргнаа поетите, сликарите, актерите, по тие стапала тргнаа уметниците.
И за крај можеби љубовта ? Знам дека моите читатели ( а воедно и твоите) ќе бидат збунети од краткотрајност на овој разговор, но тоа се двете теми кои го одбележаа твоето творештво, а се надевам ке го одбележат и моето. Њубовта мој драг пријателе остана непроменета. Остана голема мистерија , можеби најголемата на овој универзум . Не се согласувам со тебе, прости идолу мој , дека љубовта е страдање, и дека тоа е најдобриот начин да се доживее. Тоа би било прелесен одговор. Њубовта е уште потешка и уште понеостварлива. Баш се радувам што сега зборуваме за тема која ги надминува границите на нашиот век, на нашето време. Зарем не мислиш драг мој пријателе ( се проколнувам што не ти персирам, но тоа е цивилизациска придобивка од модерното време, суперего без почит кон традиционалното и возвишеното) дека љубовта е најкраткотрајната но и најдолготрајната состојба ( колку ова бедно звучи) во човековиот униварзум?. Само прашања драг мој но никаде одговори.А ти ги имаше одговорите но ни ги вметна во твоите дела што само достоен на тебе може да ги препознае , некој што јас сеуште го немам сретнато. Неразбирлив беше овој разговор .Неразбирлив исто како и поларизацијата што ја загатнав преку две сосема издеференцирани прашања , но во своевидна спрега која постоела во твоето време , постои во моето и ке постои во идно. А времето не ограничува ги затвора вратите на димензијата на две различни времиња, временската димензијата која за момент успеав да ја отворам. Се радувам на овој разговор ( иако краток) и се надевам дека во иднина ке ги одгатнеме темите што ги наметнав во еден подолг и доста попродуктивен разговор.
 



и:исповест на лу(ц)кавиот ум

Седам и се ѕверам во екранот. Добро, веројатно треба опис.Еве опис.Седам на фотелја , стара но удобна и услужна.Црна и кожна. Лево од мене печатач , десно од мене фотокопир, пред мене , тастатура. И мојата најверојатно глупа фаца која се отсликува на екранот.
Седам во ова никое време, седам и размислувам.
Треба… Ха ,,треба,, демек да пратам расказ на конкурсот.Зошто треба? Има некои логично објаснување? Да да,логичко објаснување , онакво какво што бараат чурките од Беверли Хилс. Или пак мисирите од Менхетн. Нема везе само ние сме паметни , сите други се дрва , америте се глупи и тако даље…
Филозофија или литерарна самодебата? Прашање е сега. Нева везе со Шекспир, нема судбоносно прашање,или пак ако сакате директен одговор, никако нема да биде да скратам однапред.Јас знам дека нема да биде, а тоа го знаат сите писатели во претходните пет века.Само онака ја залажуваме јавноста , колку да држиме неизвесност.Ха ха ха. Има формула? Нема Барем не за опседнати.Не не сум јас од тие , само малку заличувам , и се поистоветувам.
Добро , продолжуваме. Значи седам. Седам и се насладувам на мракот кој ме облива, финансиски , материјален, духовен, љубовен и пред се светлосен. Морници ме лазат. Не од страв , ами од студ.Нема оган овде.
Понатаму. Размислувам, помалку и се освестувам.Да, свевен сум дека пишувам расказ за конкурс.Свесен сум и дека нема да биде конкурентен , нема да биде во официјалната промотивна кампања, или на наше, нема да добие награда.Нешто како Прашината во Венеција само не толку добра.
Зошто мојот кисел каракер и мојот провокаторски ум има потреба да го прати овој расказ на конкурсот? Што треба да дознае.Што го интересира?
Оп, оп не одговорив на прашањето.На тоа на Шекспир одговорив.Нема да го биде.На моето , што нели, е поважно не одговорив.Што е потребно за оваа ненапатена душа да успее на конкурс на творби? Потребен е талент.Да, така не учеа учителките.Уште? Потребна е волја. Добро второто го имам. Друго? Потребна е лудост. И таа ја имам.Кој сака може да се увери. Друго? Имам два од три .Доволно е? Не еееее.
Продолжуваме.Ова нема крај.Одговорот е далеку. Како и мојата потреба…
 


 


л:лименка на злото

 - Бегај , бегај лименко!
Ама начин да се започне расказ.Се е поинаку , се е подруго откако ќе си ја ослободите душата.Нешто слична како ослободување на гасовите, само што чувството е подолготрајно. А за ова горе, тоа не беше наменету никому, или барем никому постоечки.Беше наменето на еден дел од мене, на еден дел од моите игри , моите начини , моите сваќања кои беа конзервирани во лименката.Лименката која само што ја фрлив лименката. Таа не плови по матниот Вардар, таа плови по ситните души на ова општество за кое и Шекспир има пишувано.Но поради силни лоби групи потоа ја посветил на Данска.
За лименката. Таа е паразит кој трага по друга душа, трага по друго тело.Ќе се залепи како , како ... Па не знам, сигурно не е како лепак, таа потоа со хомогенизира, се претопува. Како и да е знам дека сега откако ја фрлив, таа нема да патува далеку. Не таа ќе се втопи во наредните неколкумина, овде има граѓа за неа, овде таа е бессмртна.Како камелеон ќе се претопи, не дај боже до некој ближен мој можеби, и ќе ми се смее.Ќе ме провоцира, ќе ме сатанизира, иако јас ја дислоцирав.
Не сакам да ме обвинувате дека не сум ја фрлил далеку. Последните атоми на мојата сила беа искористени.Се слушна пукот, се слушна пробивање на звучниот зид.Толку силно ја фрлив.А потоа уште еден пукот.Посилен.Или мене ми се чинеше посилен.Враќањето.Не како бумеранг, туку навистина бумеранг.Најдалеку што можете да ја фрлите е веднаш до себе , метро подалеку.Оној до вас треба да ја фрли уште едно метро , за да се оддалечи повеќе.И така редум.
Иако делумно , иако не е совршено, ja frliv limenkata no ostanaa se’avawata.Sепак се чувствувам слободен.Слободен во канџите на хуманоста, на љубовта на разбирањето.
Мојата лименка, лименката на неморалот, на злото.
Лименката од која пиел самиот Луцифер, ја фрлив далеку , далеку до мене.
 


 


м:матурско писмо

Директорот ме замоли да чкртнам нешто како поздрав, како честитка.
До Дик Варски
„По повод матурската забава која ќе се одши наредната недела, а и поради околностите кои ве спречуваат да присуствувата на забавата, ви овозможуваме преку писмо да им се обратите на вашите другари.И покрај причините поради кои ќе отсуствувате од забавата, училишниот одбор одлучи да ви овозможи достојно да се поздравите.“

Директор


Сакате писмо? Ајде.Ќе почнам од петок.Џабе не ме викавте петок 13.

Петок.Ѕвонеше.Ѕвонеше за нормални ученици, ѕвонеше за последниот час.Заврши.Сите се радуваа.Мене ми беше сеедно.Јас одамна бев надвор.Воопшто не појдов.Не можам да ги гледам тие мрсни фаци, оној дебелиот по француски , или онаа гуската по уметност. Ми се гадеше, а и да не ми се гадеше пак не одев. Прости беа.Што разбираа тие од животот.Не можев а да поднесам професори , кои беа над мене, да бидат подолни во сваќањата, да не ја бараат суштината.Добро јас ја барав со помошни, ајде да речеме стимуланси, но можеа и тие да се потрудат.Па јас ќе им помогнев. Еве пример колку бев блиску , а и далеку , од последниот час.Милиони километри далеку, а најблиску што можев, во сржта , во суштината.
Зиге и Владо поминаа од кај кафетеријата.
- Не те запишааа – Зиге ми вели без прашање, се знае како почнува муабетот.
- Вели дека воопшто не те планирал како ученик, па затоа и не те брои. Вели дека повеќе и не треба да те спомнуваат дежурните.- Да да, тоа беше Владо, едно љубоморно копиле, кое беше редовно во училиште , мирно како македонски синдикалец, вреден како стечаец кај приватњак. Ама се маваше со нас.
Не можев да го трпам.Му врзав една.Врела. Добро потоа уште една ама првата се памти. Зиге скокна,како да не брани нешто , но скокна отпосле, си знае како е редот.
Пиевме кафе, Владо изеде уште еден шут, си зедов каиш од Пазар и си отидов дома. Дома моите тргнале на село. Добро и ова е некое село кај што живеам ама урбанизирано.Тоа си беше ептен село.Со крави , кокошки…
Добро де немаше крави, ама имаше кокошки кучиња и кози.Можеби уште нешто , одамна не сум бил.Ама крави немаше.
Ми оставиле двеста денари. Ме фати паника. Не за парите, доволно беа , ама на Зекот требаше денеска да му платам илјадарка за робата, а ако татко ми го зел црното портмоне, купчето де…
Е оној Марфи не да е прав.Ако нешто може да тргне наопаку ќе тргне.Би сакал да додадам, ако нешто тргне наопаку , барем во последно време , не што ќе тргне туку и ќе проба да те закопа. А на мене веќе ми мирисаше на свеќи.
А потоа марфиев закон на квадрат.Во исто време ,мислам на времето кога ја констатирав привремената дислокацијата на кожното портмоне кое живот значи, заѕвони телефонот.Мобилниот.Мојот.Мислам дека е јасно кој беше.
На Томе му должев четиристотини, Зиге беше дупнат , Владо го млатев.. Судбо судбино кај да му најдам.Ми текна на Стојан.Имаше дуќан за прехрамбена роба , односно стално имаше кеш во касата. Се јавив во пиварата. Го прашав Дуко кога носат пијалоци кај Столе. Околу пет. Во четири таму сум.
Стигна камиончето.Стојан излезе да направи нарачка.Јас дрпнав ијладарка од касата.Мислам од под касата, каде стоеја крупните. Го ѕирнав Столе, уште нарачки правеше. Дигнав уште една.Таман да затворам под мене, крај ногата, веднаш до малите чоколатца ,,стотка” . Види го бре мангала , сака да ме тестира. Ај нека му е.Влезе потоа, па ме замоли да извадам нешто од касата, па јас ја најдов стотката , бла , бла бла, еј види стотка ...
Леткус право кон Зекот.Му давам илјадарката. Не ме пофали. Ми даде уште десет грама, а јас курназ веднаш му платив. Останав сега со триста, и двеста од дома, петстотини. Дојде Кољо.И него сум му должел стотка. Му вратив и го испцув.Како што си прилега нели , мислам без колената ,трето петто, само најблизу што му е на штикли.
Се стемнува.Иде петок јас сам дома. Уште ракетен фрлач ми требаше. Петстотката уште одамна отиде.Уште не почнале снема пијалок.Се симнав доле по ракија.Стариот ја однел.Изгледа ќе ја продава , сега ли најде. Најдов нешто алкохолно.Мастика.Две литра. Додека да здробам краставичките отиде. Стока, немаат усул. Ништо не ми оставија.Им велам немам пари за кај диското, ама сите ме тешат.Лесно е. Курац лесно е.Се изжлокавме, излеговме, а куќата Нагасаки.Нема везе. Одиме во диското, не дека беше диско ама му останало. Пред влезот сите влегоа а еден мрсен, ме завлече. Немам пари , а пред влез.Тие стоката влегоа. Леле ќе ја потпалам. А и нервозен сум Не сум пијан како што треба. Претходната недела со триста денари дамла.Сега со три илјади трезен како кукурек.Што не оди не оди.Ајде да скратам…
Тогаш се вклучи ракетниот погон на овој неверојатен ум, и како соломонско решение реши навистина да го потпали ,диското,,. Исшмукав бензин од на Перо колата. Кантата де.Ако ви е некоја утеха , повеќе испив одколку што попрскав. Ама фати илјачот што да правам.И сега во зандана, ви го пишувам ова писмо другари мои.

СРЕЌНА МАТУРА
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


















































































































































































































































































































































































 

  д:дома