т:темплум  

 

ноември
r
:
red clown



г:години: 20
п:професија: студент
п:претходно објавено: www.redclown.blog.com.mk




 

н:неколкуте лименки пиво што не ми го променија животот

Се шетавме наоколу како муви без глави незнаејќи каде ќе завршиме. Не сакав да знам каде ќе завршиме, ништо не сакав да знам. Не ми беше важно. Имавме неколку лименки пиво со нас, неколку недефинирани насмевки и тоа беше се’. Изгледа ни беше доволно. Се качивме на Кале, блеевме во матните светла на градот, се обидувавме со поглед да ја расчистиме маглата што го опседна градот. Ништо. Не ни успеа. Седевме ко идиоти со милион беззначајни муабети, а сепак останавме недоискажани, ништо не се разјасни, ништо не се исчисти. Останавме и ние нечисти. Недоречени. Бледи.
Неколку метри од нас имаше автомобил со два лика кои правеа, во суштина, ништо. Ниту се сакаа, ниту се караа. И тие избледуваа со секој муабет што го правеа меѓу себе. Ништо важно, ништо суштинско, ништо што имаше тенденција да им смени мал дел од секојдневните здодевни животи. На момент си помислив дека и ние сме ко нив. И тие седеа во некој стар автомобил, цитроен, и ние седевме во некој стар автомобил, цитроен. Нивниот беше малку понов од нашиот.
Сепак имаше некоја мала разлика. Ние сепак правевме некој суштински муабет. Сепак кажавме неколку паметни реченици. Сепак не останавме недоискажани за некои работи. Сепак можеби и си искажавме љубов, на некој чуден начин разбирлив само за нас. А тие само се ебеа, безмилосно и без срам. Пред нас. Без грам љубов и без грам разбирање еден за друг. Без грам било што еден за друг. Онака, без чувства и без ништо човечко...
Имаше разлика, сепак, сосема мала разлика, меѓу нас и нив. Тие беа од различен пол. Ние бевме од ист.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













 

  д:дома