т:темплум  

 

Нов конкурс!
Вистинити животни приказни
 

Важно: да се вистинити,
вам да ви значат многу
и да се кратки!

Битно е, значи, темата што ќе ја земете, почитувани потенцијални испраќачи, да биде значајна, релевантна, возбудлива, “таква тема која го носи самиот писател и која му помага во осознавањето на светот”, како што вели Данило Киш, продолжувајќи: “Таа вистинитост, тоа про-чувствување на темата, занесот што темата го диктира и кој произлегува од темата, е само другото име на вистинитоста, на литературната чесност. Ако работата потекнала, значи, од тој дел на сензибилитетот, од таа неминовност темата и проблемот да се излејат од себе, тогаш дури и некои книжевни, технички, реторички проблеми и моменти ќе се решат (можат да се решат), ќе се организираат сами од себе и на тој начин ќе станат второстепени: уметничкото дело ќе живее од сопствениот пламен, од сопствениот оган кој зрачи од него. Тоа е она што го нарекуваме вистинитост. Вистинитост на вдахновеноста, вистинитост на детаљот, вистинитост на темата и на пристапот кон темата.”

Значи, очекуваме најразлични теми и приказни за љубовта, смртта, пријателството, семејството, туѓоста, другоста, предметите, животните, коинциденциите, смешните или страшните настани...

Важно е само, повторуваме, приказните што ќе ни ги испраќате да бидат вистинити, за вас значајни (на некој начин, настанот за кој раскажувате ви го одредил животот:-) и кратки (до три страници текст).

Најдобрите раскази ќе бидат наградени и дополнително ќе ги објавуваме и во списанието Маргина и, ако - дај боже! - има доволно добри приказни - и во книга.

Ве чекаме на:
templum@mt.net.mk
Климент Охридски 15, 1000 Скопје

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






 

  д:дома