н:наградени раскази
февруари
. . . . . . . . . . . . . . .с
.л .а .б
.о .с .т
.и . . . . . . . . . . . . . . .
На крајот, сакаме да ви
обрнеме внимание и на недоволно добрите страни на вашите раскази.
Најраширената слабост е што многу често вие всушност и немате материјал за
расказ; си редите некакви дневнички белешки, психо-дијаграми, подлабоки
или поплитки импресии, фрагменти, одломки од евентуални поголеми прозни
текстови - но расказ нема! Нема драмски ситуации, нема ликови, нема
тензија, ток, поенти...
Исто така, многу раскази страдаат од реторички паради, од “литература”
сфатена во средношколска смисла: многу китења, “јаки” метафори и премногу
видливо психологизирање.
Јазичката и воопшто техничката немарност исто така е доста видлива. Некои
раскази, на пример, имаат проголтано буква уште во првиот збор! “Што да
читам понатаму...”, ќе си рече построгиот читател. Некои се сомнителни
уште во насловот...
Генерално, релативната тематска сиромашност е слабост на пристигнатите
раскази во целина; тоа сигурно е една од главните причини зошто
“ангажираниот” Никола Пчински се издвои од другите автори. Следниве месеци
ве охрабруваме да отворате нови тематски подрачја и похрабро да
експериментирате, и стилски и тематски:)
. . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. .
о:образложение
н:наградени
раскази
м:меѓу
најдобрите
у:уште
неколку добри раскази
с:слабости
п:почетна