н:наградени раскази
февруари
.
. . .у .ш .т
.е . . н .е
.к .о .л
.к .у . . р
.а .с .к
.а .з .и .
. .
.
Во продолжение го даваме своето мислење за уште неколку раскази што се
издвоија со својот квалитет:
“Волволшебшебна
приприказна” на Дамески малку наликува на видео-игра со потрага и
масакр на крајот. Иако има и слабости (претерана декоративност во првиот
дел; претерана и предвидлива ироничност; пренагласениот хорор на крајот;
можеби дури и малку тривијалната поента?!), расказот има јасна и прегледна
драматуршка основа, има колоритност на авантуристичка игра и можеби е
некаква современа и малку инфантилна пародија на Егар Алан По...
“Филм од
соништата”
од Кирил Шентевски е духовит, со оглед на краткоста е релативно слоевит и
збунувачки, но има и една едвај забележлива нотка на карикатуралност, која
го нарушува комплетниот впечаток.
“Роден сум проклет”
од Кристина Гацова е снажен, дури и тревожен расказ напишан во еден малку
архаичен јазичен манир (што е пофалба за Гацова, нејзиното чувство за
јазикот!), но таа тежина можеби е малку пренагласена и претерана?! Можеби
на расказот му треба барем ронче малку поинаков воздух, можеби е
презадушено во таа тескобна одаја на “проклето родениот”?! Во секој
случај, изборот е на Гацова, авторското право да креира какви што сака
светови - е неприкосновено!
Треба да се пофали и Билјана Вучковска (расказот "Вариетети"),
пред сè заради внесувањето сосема нови и храбри теми.
Од оние што експериментираа во изразот треба да се пофали Ана Јакимовска
"Aквариум во стан бр. 22")
заради интересната атмосфера на апсурд (и најубавата последна реченица!).
Добра драмска структура и јасен и прегледен тек има расказот на Анастас
Вангели ("Врата")-
само што во јазична смисла малкуцка е сиромашен, “тинејџерски” (што
зачудува со оглед на зрелоста на неговите колумни, но може расказов да му
е од “млади денови”:).
. . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. .
о:образложение
н:наградени
раскази
м:меѓу
најдобрите
у:уште
неколку добри раскази
с:слабости
п:почетна