т:темплум  

 

н:наградени раскази

февруари

. . . . . . . . . .м .е .ѓ .у . .н .а .ј .д .о .б .р .и .т .е . . . . . . . . .

За нијанса послаби од четирите наградени раскази се петте раскази што ќе бидат објавени во Маргина.

Расказите “Подводен воајеризам” од А. Арбреров и “Бенјамин” од Кристина Гацова имаат заедничка нишка во поетичноста, во заземањето став на една прилично радикална очуденост. И двата раскази се на работ на нешто што се нарекува поетска проза (делумно поради релативно скудни драмски дејствија:), но и двата страдаат од слабости: Арбреров на моменти е преекспресивен (тоа е секогаш проблем со силината: како да се скроти!), а Гацова презатворена, прематна...

Станувајќи Ќелепур” од Купус Деликти делумно е ангажиран социјален приказ, делумно е игра со зборови (под влијание на славниот ни Пандалф Вулкански:), но расказот има хумор, пред сè, и јасна раскажувачка супстанца. Слабост му е нерешителноста за тоа каков расказ всушност сака, јазичка гег зафрканција или улична слика на насилство; впечаток е дека авторот не е доволно зрел за доволно суптилно да ги пласира двата поетички слоја (двете пишувачки “стратегии”) коишто во расказот се насетуваат, без совршено да бидат вглобени еден во друг...

Расказот “Во потрага по Јан Ман” од Fish-er  е напишан како една заводлива, инфантилна персонификација, во која лежерно се гради една дехуманизирана филозофија на постоењето. Иако по малку клиширано авторот сака да даде слика на светот согласно природните параметри, а не согласно човечката претстава. Неговата позиција на толкувач (фокализатор) лоцирана во едно влакнесто животинче (козирог ли, зајак ли) го прави расказот зачуден и интересен за читање.

Последен расказ во овој избор за Маргина#71 во која заедно со изборот од февруари ќе има околу 20-тина раскази е “Пак” од WORM, фино, но прилично мрачно (малкуцка морбидно) враќање во детството... интересен временски јазол, спој меѓу некаква насетена (предизвикана?) смрт и детството.


 . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

о:образложение
     н:наградени раскази
     м:меѓу најдобрите
     у:уште неколку добри раскази
     с:слабости
п:почетна

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
  п:прашања





















 
  д:дома