т:темплум  

 

н:наградени раскази

март

 . . . . . . . н. а. г. р. а. д. е. н. и. . р. а. с. к. а. з. и. . . . . . . .

Расказот на Алекс Букарски прилично се издвои од другите, пред сè заради својата литературна зрелост. Букарски е мошне надежен млад писател што го знаеме и од интернет, од неговиот блог пред сè, но неговиот најнов расказ е неговиот најдобар и најзрел расказ досега: во едно необично “сајбер” кафе во Битола, Букарски ни дава мрачна, но истовремено и мошне духовита слика на едно време испаднато од шарките и преполно со колоритни ликови кои излегуваат директно од клоаката на долготрајната и сурова македонска транзиција. Социјалната димензија и сликањето на ликовите од т.н. губитнички полусвет можеби е главната содржина во пишувањето на Букарски. Таа социјална поетичка димензија во “...Падобранот...” е искажана на изнијансиран и слоевит начин, богат со значења, но едноставен и духовит во својата основна раскажувачка поставеност.

Второто место го делат Ирена Поповска (“Зимски ден”) и WORM (“Лопатар”). “Зимски ден” е сосема спротивен од расказот на Букарски, но и мошне квалитетен во својата различност! Станува збор за една делумно херметична љубовна приказна, напишана мошне прецизно и поетично. Раскажувајќи за (“онлајн”) насетената можност за љубов, за жестоката алиенација и бол, Поповска не патетизира туку избира еден речиси “пејсажен јазик”, зенитистички мирен, суптилен и прецизен. Единствената слабост на расказот можеби е недоволно осмислениот крај...

WORM е вистинско откритие на мартовскиот конкурс, “раскажувач со нерв”, кој умее да создаде ситуација и атмосфера, иако сè уште не е доволно прецизен во исказот, а ликовите не му се доволно психолошки изнијансирани... “Лопатар” е расказ на дијалог и атмосфера, целиот во насетувања, низ мошне дискретни потези не само што сочно ни ги оцртува ликовите туку успева да пренесе и една малку поширока општествена слика... Можеби во расказот постои и нијанса на недоработеност, на отвореност, тешко е да се каже, можеби авторот тоа намерно го направил...

Третото место го доби Ирена Цветковиќ. Таа веќе се потврдува како мошне инвентивен писател кој пред сè умее да смисли необични и привлечни наративни структури, така што лесно и ефектно го заведува читателот.. Но, Ирена сепак е недоволно прецизна во градењето на приказната, драматуршките дејствија и ликови делумно ù се недоработени, а јазикот недоволно разработен и профинет... И покрај тоа, шармот на нејзините замисли ги надвладува слабите страни и ја издвојува како еден од досега најимагинативните учесници на нашиот конкурс.

 . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

о:образложение
     н:наградени раскази
     м:меѓу најдобрите
     у:уште неколку добри раскази
     с:слабости
п:почетна

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
  п:прашања





























 
  д:дома