т:темплум  

 

н:наградени раскази

април:2006
 

Образложение
Априлскиот конкурс беше досега најтешката работа за жирито... Петте наградени раскази беа резултат на компромиси и пребројувања, дури и кога станува збор за првонаградениот расказ... Карактеристика, значи, на априлскиот сет раскази е квалитативната воедначеност на барем петнаесетина раскази, што работата на жирито ја направи исклучително тешка...

1. место: Пресудно за победата на Крстевски(“Веќе видено”), значи, не беше толку супериорноста на неговиот расказ над другите туку високиот квалитет на сите раскази со кои Крстевски досега конкурираше (во согласност со тоа, победничиот расказ е дел од едно прецизно литературно сецирање на неговото омилено експериментално писателско заморче: времето)...

Што се однесува до другите четири наградени раскази, и тие се дел од компромисните одлуки на жирито, но најнакрај сепак сметаме дека овие пет раскази за нијанса се издвојуваат од барем десетина други, исто така мошне солидни:).

2. место:Чешелот” од Јасна Димитровска, второрангираниот, според нас, е најдобриот расказ на тн. “женско писмо”, исткаен со солидна лексика, со добар раскажувачки тек и ритам и со фина метафорика (косата е мошне комплексен симбол којшто авторката го “расчленува” непретенциозно и суптилно:)... Крајот на расказот (еден од најголемите проблеми кај повеќето раскажувачи:) исто така е интересен, соодветен, непретенциозен, во духот на целиот расказ, без да ни ги “телефонира” големите симболички разврски...

3. место:Не е за објавување” (Bushy Meat); фантазмагорично патување низ (не)обичното женско (не)секојдневие... но, внимавајте: само за искусните во семејни/брачни(мрачни!) работи!...

3. место:Операција исфрлање зелка (кисела) од t.w.s исто така се издвојува, пред се' поради духовитоста, но и поради прецизноста, писменоста, синтаксичката комплексност, поради добро оцртаните карактери и менталитетот... Но пред се' треба да се истакнат извонредниот хумор и ведрината на тој расказ...

3. место:Чудак” од Марко Ковачевски е добар спој меѓу психолошка и социјална тема, на некој начин добро ја фаќа скопската - или македонската - алиенираност и суровост... И вториот расказ од истиот автор е мошне интересен, така што го охрабруваме да продолжи да ни ги праќа своите ракописи...


Во Маргина ќе бидат објавени:*
"Сенатот" од She
"Crash, Boom, Bang" од Наташа Гелева
"Death-metal проза за мали цвеќиња " од Златко Андоновски
"Жалната врба" Драгана Заревска

Би сакале да ги пофалиме расказите:
"Назаечки" од Марјан Алчевски
"Магаренцето" од Дарко Божиновски
Повеќе раскази од Костадин Голаков ("Карти", " Кодош", "Двобој")
"Јас (ли)" од fish-er
"Еден од средината" од Марко Ковачевски
"Намештај" од Наташа Гелева

* Изборот за Маргина не е конечен и ќе зависи од другите содржини и просторот со кој ќе располагаме, значи можно е некои од расказите да бидат исфрлени, заменети со други од пофалените раскази или со некои раскази од следните месеци.

::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

Наградите се:
1.
место: 8 изданија на Темплум
(5 книги од прозната едиција Магма и 3 Маргини)
2.
место: 5 изданија на Темплум
(3 книги од прозната едиција Магма и 2 Маргини)
3.
место: 3 изданија на Темплум
(2 книги од прозната едиција Магма и 1 Маргинa)

+
Сите раскази што ќе ги објавиме во Маргина#72 ќе бидат хонорирани!

Наградите можете да ги подигнете во просториите на
Темплум, ул. Илинденска, бр.38 (тел. 02/3215494).

Погледнете ги досега објавените Маргини и прозни книги од едицијата Магма.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
  п:прашања




























































 
  д:дома